Контакт

Вести

Американските домаќинки му се налутија на Обама

Објавено пред

Говорејќи на колеџ во Рон-Ајленд и дискутирајќи за правата на жените, американскиот претседател Барак Обама дал изјава од којашто се почувствувале многу Американки, пишува порталот WorldNetDaily.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за изјава на Барак Обама дадена на прес-конференција по настанот за правата на жените дека „Понекогаш некои, најчесто мајките, ја напуштаат работата за да останат дома со децата, и со тоа се осудуваат на ниска заработка до крајот. Тоа не е она што ние го сакаме од Американците. Затоа ајде да го направиме ова: до крајот на деценијата да ги носиме шесте милиони деца во детските градинки со повисок квалитет и да бидеме сигурни дека ќе ја направиме Америка силна“.Како одговор на тоа, адвокатката Кристи Бартон Браун напиша отворено писмо до Обама, кој според порталот ја одразува реакцијата на многубројни кориснички на социјалните мрежи.„Се надевам дека имате појаснување, но дозволете ми да ви објаснам дека како мајките домаќинки тоа го разбраа. Вие ни говорите дека парите се поважни од нашите деца. Вие зборувате дека да се напушти работата и да се стане домаќинка, не е изборот кој американските мајки треба да го направат“, пишува Браун.„Јас сум мајка домаќинка и истовремено сум адвокат и можам да ве уверам дека мене моето дете ми е поважно од кариерата. Мене воопшто не ме вознемирува фактот што нема да добијам дваесетгодишен работен стаж, што може да значи дека никогаш нема заработам толку колку што ќе заработи адвокат маж“, се додава во писмото упатено до американскиот претседател објавено во Christian Post.„Следниот пат, господин претседател, пред да зборувате помислете ве молам на сите жени, а не на оние кои одговараат исклучиво на вашите претстави за нив“, истакнува адвокатката Браун која изрази надежи дека Обама ќе ја ревидира или исправи својата изјава./крај/мф/сн

Извор: WorldNetDaily



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија16 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија16 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија16 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија18 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија18 часа

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија19 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија21 час

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија22 часа

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет22 часа

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет22 часа

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет23 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет24 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа24 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ2 дена

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија2 дена

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија2 дена

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ2 дена

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија2 дена

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...