Вести
Американските војници пристигнаа во Багдад за помош на Ирак против ISIL

Првите американски војници кои на ирачката армија би требало да и’ помогнат во борбата против сунитските бунтовници и џихадистите од Ирачката армија во Ирак и на Левантот (ISIL), пристигнаа во Ирак и започнаа со своите активности, објави Пентагон во средата.
Половината од 300-те специјалци коишто вети дека ќе ги испрати американскиот претседател Барак Обама, веќе се наоѓаат во ирачката престолнина Багдад, или на првите линии од боиштата, пренесува BBC.
Другите ќе пристигнат следните денови, велат извори од американското министерство за одбрана, при што се прецизира дека два тима од вкупно 40 војници во вторникот започнале со помагање на ирачките сили на боиштата. Дополнителните 90 специјалци во Багдад ќе формираат заедничка оперативна команда. Ним во текот на следните пет дена ќе им се приклучат нови четири тима од по 50 војници, дополнуваат изворите од Пентагон.
Администрацијата на американскиот претседател истакнуваше досега дека американските војници нема да учествуваат во борбите, туку ќе ги советуваат ирачките безбедносни сили и ќе им ставаат на располагање разузнавачки информации.
Ирачката влада којашто ја предводи шиитот Нури ал-Малики, кого Западот го обвинува дека го запоставил учеството на малцинските сунити во извршната власт, побара од Вашингтон ангажирање на американските сили во борбите, но претседателот Обама не беше наклонет да преземе чекори коишто би можеле да предизвикуваат обвинувања дека САД заземаат страна во ирачкиот секташки судир.
Сунитските бунтовнички групи формирани од поранешни офицери и војници на ирачкиот диктатор Садам Хусеин, заедно со џихадистите од Исламската држава во Ирак и на Левантот (ISIL) во бунтот кој го започнаа на 9-ти јуни заземаа поголем дел од северниот и западниот дел на земјата.
Според канцеларијата на Обединетите нации во Ирак, само во јуни најмалку 1.075 Ирачани ги загубиле животите во судирите и терористичките напади на целата територија на земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.