Вести
Анкета: Американците повеќе се плашат од тероризмот отколку по 9/11

Бројот на Американците кои се плашат од терористички напади од страна на Исламската држава, ги надмина показателите на загриженоста од заканата од тероризмот, регистрирани по настаните од 11-ти септември 2001 година, покажува анкетата што ја спровеле телевизиската мрежа NBC News и весникот The Wall Street Journal.
Според податоците од споменатото истражување на јавното мнение, 47 отсто од американските граѓани веруваат дека земјата е заштитена полошо од терористички напади отколку пред трагичните настани со „Кулите близначки“ од њујоршкиот Светски трговски центар во 2001 година. Исто така, анкетата покажува дека бројот испитаници кои сметаат дека животот во САД е побезбеден по настаните од 11-ти септември го достигнало рекордно ниското ниво од само 26 отсто.Притоа, 61 отсто од Американците веруваат дека употребата на воена сила против Исламската држава е во интерес на земјата. Минатата година во истиот период, пак, испраќањето американски војници во Сирија за соборување на владата на претседателот Башар ал-Асад го поддржаа само 21 отсто од испитаниците. За одбележување е и што, според анкетата направена на репрезентативен примерок од илјада испитаници во периодот од 3-ти до 7-ми септември, надворешната политика на претседателот Барак Обама ја поддржуваат 32 отсто од испитаниците, што претставува рекордно ниско ниво.Претпладнето на 11-ти септември 2011 година, 19 терористи поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, киднапираа четири патнички авиони, Двата авиона самоубијците ги насочија кон двете кули на Светскиот трговски центар во јужниот дел од Менхетен во Њујорк. Во облакодерите избија пожари и набргу кулите во растојание од половина час се урнаа. Третиот авион беше урнат врз Пентагон во Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија. Загинаа околу три илјади луѓе.Во знак на сеќавање на жртвите од овие терористички напади во четврток ќе се одржат голем број настани низ САД со кој ќе биде одбележан најголемиот напад во историјата напад извршен на територијата на земјата. Комеморативни настани со кои се одбележува 11-ти септември се одржуваат во Њујорк од 2002 година, а од 2009-та денот се нарекува Национален ден на молитва и сеќавање./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.