Вести
AP негира дека соработувал со нацистите
Германска историчарка ја обвини американската новинска агенција Associated Press (AP) за соработка со нацистичкиот режим во периодот меѓу 1935 и 1941 година за да го задржи присуството во Германија, но AP во среда овие тврдења ги негираше.
Според историчарката Хариет Шарнберг, чиј текст беше објавен на страницата Zeithistorische Forschungen, AP направил редица отстапки на нацистичката власт.Агенцијата го почитувала законот за издаваштво кој стапи на сила во 1934 година и им наметнувал на сите новински издавачи да се воздржат од објавување на сѐ што би „можело да го ослабне германскиот Рајх во странство или во Германија“.Согласувајќи се на тој услов, AP „му одобрил на министерството за пропаганда значително влијание врз производството на своите фотографии“.Од 1935 година до објавата на војна од страна на Германија на САД во декември 1941 година, агенцијата беше единствен странски западен медиум акредитиран во Германија.Историчарката наведува дека еден од фотографите на AP во тогашна Германија Франц Рот, припаѓал на пропагандната служба на СС.Тој го заменил, според историчарката, еден од трите фотографи Евреи на AP кои моралче да ја напуштат Германија и да заминат во САД.Агенцијата дозволила пристап до својата фото архива на националсоцијалистичкиот режим, кој ја користел во пропагандни цели.„ AP ја отфрла тезата според која соработувал со нацистичкиот режим во било која епоха“, напиша во соопштението објавено во среда директорот за доноси со печатот Пол Колфорд.„ AP беше под притисок на нацистичкиот режим меѓу 1933 и 1941 година“, констатираше Колфорд.„Екипата на AP ги издржа тие притисоци истовремено настојувајќи да понуди точна, важна и објективна информација на светот во мрачниот и опасен период“, вели Колфорд. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.