Контакт

Вести

Арапската коалиција сепак ги продолжи бомбардирањата во Јемен

Објавено пред

Коалицијата на сунитските арапски земји од Персискиот залив предводени од Саудиска Арабија во средата ги продолжи воздушните напади врз позициите на борците побунетото шиитско племе Хути и врз нивните сојузници приврзаници на соборениот во 2012 година јеменски претседател Али Абдула Салех во јужниот дел од Јемен, а според очевидци биле извршени најмалку 12 воздушни удари.

dobivaj vesti na viber

Во пет воздушни напади врз провинциите Лахџ и Далеа убиени биле десетина борци на шиитската милиција Ансаралах, потврдиле локални жители за Reuters кој забележува дека нападите во средата доаѓаат не цел ден откако арапската коалиција најави дека ги прекинува бомбардирањата од операцијата „Решителна бура“ и од полноќ кон средата ја започнува операцијата „Враќање на надеждта“, која требаше да се води во копнено запирање на напредувањето на јеменските бунтовници, осигурување на цивилното снабдување и доставување хуманитарна помош.

Борбите меѓу бунтовниците од племето Хути и војниците лојални на Салех против јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади, кого го обвинуваат дека не се спротиставуваше на напредувањето на радикалната група Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP), и кого го поддржува Саудиска Арабија, се разгореа во двете споменати провинции по почетокот на воздушните удари од 26-ти март. Бомбардирањата на воените воздухопловства на арапските земји во средата се регистрирани и во централниот град Таиз.

Хутите ја контролираат престолнината Сана, а коалицијата настојува да ги спречи да воспостават целосна контрола врз вториот по големина град и важно пристаниште Аден, на југот од Јемен. Во средата, коалицијата ја повлече најавата за крај на воздушните удари и соопшти дека и натаму ќе дејствува врз бунтовниците, доколку е потребно.

Претходно во средата Велата куќа објави оти САД сметаат дека работата во Јемен сé уште не е завршена. „Очигледно работата не е завршена“, изјави за CNN директорката за комуникации на Белата куќа, Џен Псаки.

Призна и дека проблемите во Јемен и натаму се присутни. „Нестабилноста и натаму трае во регионот, во Јемен и уште многу работи треба да се завршат“, рече Псаки и најави дека САД ќе продолжат да работа на тоа со „партнерите од целиот свет“.

Вашингтон, инаку, имаше ограничена улога на поддршка на арапската кампања во Јемен. „Сите страни во Јемен треба да постигнат дипломатско решение, бидејќи нема друго решение коешто би можело да дејствува“, рече Псаки и порача дека „тоа не е војна којашто може да се добие на бојното поле“.

Црвениот крст објави дека речиси едномесечното бомбардирање предизвикало „шокирачки штети за цивилното население“. Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO) само до 117-ти април биле убиени 944 лица, а 3.487 цивили се ранети при што не се пресметани и најмалку 40-те жртви и 574 ранети од понеделникот во Сана, и исто така 40 во вторникот во напад врз станбена зграда во северозападниот град Харад и врз мост во централната покраина Ибб.

Помошта му е неопходна на Јемен, најсиромашната арапска земја која е разорена до судирите а Црвениот крст побара помош во храна за 20.000 илјади семејства во следните три месеца. „Колатералната штета сторена врз цивилното население, неговиот живот и сопственост со воздушните удари, како и со копнените борби, е апсолутно шокантно, во прв ред во градовите Сана, Аден, Таиз и Мариб“, изјави за AFP регионалниот директор Роберт Мардини во Женева по враќањето од Јемен./крај/мф/сн

Саудиска Арабија, пак, оцени дека „арапскиот свет му покажал на Иран дека може самиот да ги штити своите интереси“, додека Техеран бара итен прекин на нападите и негира дека ги помага Хутите кои го обвинуваат Ријад дека сака да создаде простор во Јемен за дејствување на Ал Каеда.

„Воената интервенција во Јемен покажа дека (сунитската) монархија може да му се спротистави на (шиитски) Иран кој ги вежба, вооружува и финансира Хутите и го шири своето влијание во арапскиот свет сé до јужната граница на Саудиска Арабија, и дека арапските земји се способни да ги заштитат своите интереси и без водството на САД“, рече во интервјуто за Reuters саудискиот амбасадор во Велика Британија.

Амбасадорот, принцот Мохамед бин Наваф рече и дека „Иран не смее да се меша во јеменските прашања. Тој не е дел од арапскиот свет“. Го обвини Техеран дека со своето мешање ка „запалил нестабилноста“ во регионот.

„Сакаме арапскиот свет да биде слободен од секакви мешања“, вели бин Наваф и нагласи дека „ние можеме „сами да ги решаваме своите проблеми“.

„Доктрината на (американскиот претседател Барак) Обама е многу јасна. Тоа е историско пријателство кое ќе продолжи, но мораме себе самите да си потврдиме. Не само Саудиска Арабија, туку арапските земји. Тоа мора да биде заедничко“, вели саудискиот амбасадор во Лондон. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија14 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија15 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија15 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија15 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија15 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија16 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет20 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет21 час

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет22 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет23 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет23 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет23 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет2 дена

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион2 дена

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија2 дена

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет2 дена

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија2 дена

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...