Контакт

Вести

Асад: Мирот во Сирија ќе се врати кога ќе престане поддршката за терористите

Објавено пред

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави во едно од ретките интервјуа за европските медиуми емитувано во вторникот вечерта на Чешката телевизија, дека мирот во неговата земја ќе се врати кога Западот, како и Турција, Саудиска Арабија и Катар, ќе престанат да ги поддржуваат терористите, на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му предвидува брз политички крај, и истакна дека од должноста ќе си замине доколку Сиријците не гласаат за него, со што ги отфрли притисоците транзицискиот период во земјата да се води без него.

dobivaj vesti na viber

„За враќање на мирот неколку земји, Франција, Велика Британија, САД, Саудиска Арабија и Катар, и уште неколку други, треба да престанат да ги поддржуваат терористите. Веќе следниот ден ќе биде подобро и за неколку месеци ќе имаме целосен мир во Сирија“, тврди Асад.Финансиите и оружјето за терористите, продолжи Асад, одат главно преку Турција, со поддршка на Саудиска Арабија и Катар. „Доколку навистина сакаат да се борат против нив (терористите) и да ги победат, мора да се спречи снабдувањето со оружје, финансии и борци, што оди главно преку Турција, со поддршка на Саудиска Арабија и Катар. Тоа е првиот чекор кој мора да се преземе, почнувајќи ја борбата со тероризмот. Инаку сите со него ќе војуваме, а притоа тие имаат неограничено снабдување (со оружје) од различни земји, особено од нашиот регион, со поддршка или со затворање на очите од страна на Западот. Поточно, на некои западни земји“, рече.Во своето интервју за чешката државана телевизија, сирискиот челник вели дека се сомнева во покренувањето на голема коалиција против тероризмот.„Зошто ништо не научија по Charlie-Hebdo? Не може да се борите против тероризмот додека директно ги поддржувате терористите со оружје и во сојуз со најголемиот поддржувач на тероризмот, односно саудиската монархија“, порача Башар ал-Асад.Оцени дека Франција не прави ништо сериозно со ударите врз Исламската држава, додека Русија е многу сериозна во борбата против тероризмот и во соработката со сириската армија. Според него, дури откако во воздушните напади се вклучи Русија,(30-ти септември), Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ак Каеда, се принудени да отстапуваат од териториите што ги заземаа во Сирија.„Несомнено, токму учеството на Русите, формирањето на фронт во борбата со тероризмот стана најважниот фактор во пресвртот на ситуацијата во Сирија“, изјави Асад за Чешката телевизија одговарајќи на прашањето што најмногу влијаело врз сегашната промена во ситуацијата во борбата против тероризмот во неговата земја.Во врска со турското уривање на рускиот борбен авион, Асад оцени дека турскиот претседател Ердоган ја „загуби ладнокрвноста, бидејќи руската интервенција ги промени односите на силите на теренот“. „Поразот на Ердоган во Сирија, поразот на неговата терористичка група, го одбележува неговиот политички крај“, заклучи Асад.На прашањето за можноста за влегување на терористите во Европа меѓу сириските бегалци, Асад одговори дека секако имало уфрлувања, но дека е тешко да се утврди во колкав обем. „Верувам дека на фотографиите и видео снимките на интернет може да се пронајдат докази дека некои кои овде убиваа, а понекогаш и отсекуваа глави на луѓе, заминале во Европа како мирни граѓани“, додаде.Европа, оцени сирискиот претседател, не успеала да ги интегрира имигрантите од различните култури, а „вахабитските институции“ ги финансирале активностите со коишто се „искривува толкувањето на исламот“. „Тој регион на Блискиот исток извезе одреден екстремизам во Европа, во нашата криза Европа ни го извезува екстремизмот нам“, рече Асад.Во врска со сириската опозиција, Асад го изрази ставот дека таа мора да биде создадена во Сирија, а не во странство. Според него, не може сериозно да се зборува за сириска опозиција, бидејќи таа опозиција држи во рацете оружје. Доколку таа опозиција е политичка, таа треба да има поддршка во сириското општество, а не да ја наметнува со оружје, смета Асад.„А кога зборуваме за бунтовниците, кои имаат оружје за да го напаѓаат сирискиот народ и неговата армија, да го уништуваат јавниот или приватниот имот, па тоа е тероризам“, додаде Асад во интервјуто за чешкиот телевизиски сервис.„Другиот природен аспект на опозицијата треба да биде патриотизмот, кој го нема кај опозицијата којашто е формирана во Франција, Саудиска Арабија, Катар, САД или Велика Британија. Автентичната сириска опозиција треба да биде создадена во Сирија, и таква постои. Друго е прашањето, дали таа е широка и колку е силна“, додаде сирискиот претседател.Во врска со сликата којашто Западот ја има за него, вели дека таа срамежливо се поправа. „Во 2005-та бев убиец, па во 2008 година и подоцна бев миротворец и во 2011-та сум мршојад. Сега се случува позитивна промена“, рече Асад.На крајот од интервјуто рече дека основните цели на Сирија се победата над тероризмот, зачувување на секуларното општество и спроведување на политичките реформи во интерес на Сиријците, и повтори дека нема намера да поднесе оставка среде војна, но дека еден дена на избори Сиријците ќе одлучат дали го сакаат и натаму или не за претседател, како и оти е подготвен да замине од должноста доколку не биде изгласан.Асад истакна дека никогаш не се стремел по секоја цена да биде и да се одржи на челната позиција во земјата. Главна е, рече, волјата на сирискиот народ.„Се разбира, сега, во екот на војната, не можам да кажам од каква и да е причина дека ја напуштам функцијата, инаку би станал предавник. Но кога на крајот ќе дојдат изборите, сирискиот народ самиот нека одлучува. Доколку сака да ме види на чело на државата, со задоволство ќе останам на должноста. Доколку не сака, со задоволство ќе заминам…. Со тоа јас немам никакви проблеми“, порача Асад во интервјуто за Чешката телевизија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија10 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија11 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија13 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија13 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија13 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија14 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион15 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет15 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија16 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа16 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет16 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет17 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет17 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет18 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа18 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...