Контакт

Вести

Асад положи заклетва за нов седумгодишен мандат

Објавено пред

Сирискиот претседател, Башар ал Асад, положил заклетва за нов седумгодишен мандат во земјата која целосно е разорена од граѓанска војна.

Асад ја положил заклетвата во својата палата сместена веднаш над престолнината, додека во земјата повеќе од три години се води војна во која од почетокот до сега убиени се повеќе од 170 илјади лица, а милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

 

Четириесетиосум годишниот автократ победи на претседателските избори на трети јуни кои критичарите ги опишаа како „фарса“, а неговите воени трупи продолжија да напаѓаат области кои се под контрола на бунтовниците, фокусирајќи се моментално на Алепо на северот од земјата, пренесуваат странските медиуми.

 

По неговата инаугурација владата во земјата мора да поднесе оставка, по што Асад треба да именува нов премиер.

 

По првите две години владеење од неговата победа, поддржувачите на опозицијата од Запад и поддржувачите од арапскиот свет инсистираа дека тој мора да ја напушти власта, но растењето на исламистичката Исламска држава предизвика промена на текот на ситуацијата и разбуди стравувања во поглед на иднината, особено во Европа.

 

„Ситуацијата на Блискиот исток се менува многу брзо. Нестабилноста го растргна вниманието на меѓународната заедница“, вели Самит Нашар, искусен сириски дисидент и член на опозициската Национална коалиција, во изјава за странските медиуми.

 

Според него, светот не може да се одлучи на што побрзо да реагира. Дали да се фокусира на Исламската држава, на Ирак или фокусот да го насочи кон Египет.

 

„Асад положи заклетва во момент кога целиот регион гори, додека Израел изведува воздушни напади против Хамас во Газа, додека ирачката централна влада е значително ослабена поради џихадистичката офанзива, а Либија се повеќе тоне во безаконие и хаос“, додава Нашар.

 

Тој објаснува дека Асад успеал својот режим да го прикаже како прифатлива опција „во споредба со исламската држава и екстремизмот, особено во очите на европските земји.

 

Според аналитичарите успехот на џихадистите е еден вид „подарок“ за Асад, кој од почетокот на бунтот во март 2011 година ја критикувал акцијата на бунтовниците како „терористичка завера“ со странска поддршка.

 

Според нив сирискиот лидер ќе се обиде да го искористи стравот на Западот од исламистичкиот екстремизам и себе си ќе се претстави како заштита од ваквите појави.

 

Следејќи ги чекорите на својот татко и претходник, Хафез, кој со помош на „цврста рака“ владеел со Сирија 30 години, Асад ги игнорира западните повици за негово повлекување од претседателската функција, иако голем број земји и организации ја признале опозицијата како легитимен претставник на сирискиот народ, вели Нашар.

 

Според него, Асад ужива постојана финансиска, воена и дипломатска поддршка од неговите сојузници Иран и Русија, а целта на сирискиот претседател е да продолжи со својата воена стратегија, пренесуваат странските медиуми.

 

„Асадовата стратегија најверојатно е да ги задржи областите кои веќе се под контрола на режимот како и да ја врати контролата и територијата над цел Алепо“, смета Лина Хатиб, директор на Карнегиевиот центар за Блискиот исток.

 

Според нејзините зборови, тоа ќе доведе до тоа голем број области во Сирија да бидат или под контрола на режимот или под контрола на Исламската држава, додека зоните на југот од земјата главно ќе бидат во рацете на бунтовниците припадници на Слободната сириска војска.

 

„Со вака поставени работи тој може да опстане само на краток рок“, заклучува Хатиб./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет7 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет8 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ12 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија13 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа14 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија14 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ15 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет16 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија16 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет17 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија17 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија17 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион18 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа18 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет19 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија19 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет20 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија20 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион21 час

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие