Контакт

Вести

Асад: Сирија со своите сојузници ќе го порази тероризмот

Објавено пред

Сирискиот претседател Башар ал-Асад уверува дека Сирија, Русија, Ирак и Иран, кои минатата седмица во Багдад формираа заеднички центар за размена на разузнавачки информации за Исламската држава, се обединети во борбата против тероризмот и дека ќе го поразат, предупредувајќи дека нивниот неуспех ќе има разурнувачки ефект за целиот Блиски исток.

dobivaj vesti na viber

„Овие четири земји ќе постигнат резултати, за разлика од коалицијата што ја предводат САД во време на чие едногодишни воздушни удари против милитантите од Исламската држава во Сирија и Ирак дојде до ширење на насилствата“, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто за иранската државна телевизија, пренесува сириската државана агенција SANA.

Сирија и нејзините сојузници мора да успеат „или ќе бидеме соочени со разорување на целиот регион“, додаде Асад.

Тој ги повика западните земји да се приклучат на неговата коалиција. „Доколку државите се приклучат на сериозен и искрен начин во борбата против терористите, ако со ништо други барем да престанат да ги поддржуваат, многу брзо ќе дојдеме до резултатите“, додава сирискиот претседател.

Тајмингот на операциите на руското воено воздухопловство против џихадистите на сириска територија, според Асад ќе зависи од развојот на ситуацијата.

„Временска рамка не е поставена. Тоа зависи од развојот на настаните. Неодамна беше изготвен планот за соработка меѓу сириските и руските офицери, кога започна подготовката за приемот на руските сили во Сирија“, рече сирискиот претседател.

И во ова интервју Асад остана истраен на ставот дека само Сиријците може да одлучуваат за промените на политичкиот систем во земјата или за нејзините челници. „Расправите за политичкиот систем во Сирија е внатрешна работа на Сирија“, рече Асад во што е поддржуван од неговите стратешки партнери Русија и Иран.

Западните и регионални противници на Асад, пак, сметаат дека секое политичко решени за граѓанската војна во Сирија мора да го вклучува неговото заминување од политичкиот живот, иако некои западни земји, во прв ред Германија и Франција ги ублажија ставовите велејќи дека тој би можел да остане на власта во транзицискиот период.

На барање од новинарот да ги коментира овие изјави, Асад истакна дека „повеќепати и јасно кажав дека ниеден странец не може да се смета одговорен за иднината на Сирија, и за нејзиниот иден политички систем. Само сирискиот народ има право да ги искажува своите ставови за овие прашања, така што овие коментари кои доаѓаат од Западот немаат вредност за нас“.

„Сирискиот народ веќе плати превисока цена, за да може да се согласи со тоа Сирија да ја загуби независноста, исполнувајќи ги политичките волји на странски држави“, порача Асад

Според него, промената во ставовите на Запад потекнува откако Европа започна да се соочува со тероризмот и незапаметениот прилив на бегалци од Блискиот исток.

Асад истакна и дека сегашните сириски челници немаат доверба во САД „имајќи ја предвид политиката што ја водат Соединетите држави и нивните сојузници на Блискиот исток“.,

Во текот на интервју сирискиот претседател Башар ал-Асад ги изнесе податоците дека неговата земја во последните речиси пет години, откако трае тамошната граѓанска војна, претрпела штети во инфраструктурата која се процени на повеќе од 200 милијарди американски долари. Според Обединетите нации, во овој период загинале околу 250.000 луѓе, а околу седум милиони се внатрешно раселени или ја напуштиле земјата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...

Топ5 часа

(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од...

Регион5 часа

Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска....

Скопје6 часа

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС...

Свет7 часа

На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

На јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол му е забрането да ја напушти земјата, бидејќи опозициските политичари ја обвинуваат Партијата на народна...

Свет8 часа

Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД

Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да пренасочи комерцијален...

Свет8 часа

Земјотрес регистриран во Словенија

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна...

Свет8 часа

Во протестите во Тбилиси 150 полицајци повредени, а околу 400 демонстранти беа приведени

Над 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни...

Свет8 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југозападниот дел на Ел Салвадор

Серија земјотреси ја погодија централноамериканската држава Ел Салвадор, од кои најсилниот земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала,...

Топ19 часа

Најдени три починати лица во куќа во Неготинско која се користела како импровизиран верски објект, меѓу нив 14-годишно дете

Четиринаесетгодишно дете и уште две возрасни лица биле најдени починати во неготинското село Црвени Брегови. Обвинител изврши увид на лице место,...

Свет21 час

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската...

Македонија23 часа

(Видео) ДУИ пред Уставен: „Ќе останеме тука до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците“

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск. Набрзо тие упаднаа во палатата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Група на ексфункционери од ДУИ се обидува да прави етнички поделби, стратешките партнери се запознаени

Обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака договор со Русија и крај на лудилото

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е заинтересиран за договор за ставање крај на...

Свет1 ден

Демократско обновување или враќање на хаосот: Што ќе се случува во Сирија по падот на претседателот

Сирија го слави падот на долгогодишното владеење на Асад додека се соочува со тешки прашања за нејзината иднина. Сирија се...

Македонија1 ден

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Македонија денес го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и...

Економија1 ден

Владата: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата...

Свет1 ден

(Видео) Се слави во Дамаск падот на Башар Ал-Асад, група Сиријци упадна во неговата резиденција

Сириските бунтовници го соборија претседателството на Башар ал Асад, кој во текот на ноќта побегнал со авион на непозната дестинација....