Контакт

Вести

Асад: Воените успеси ќе го забрзаат политичкото решениe во Сирија

Објавено пред

Успеси на сириска армија и силната поддршка од Русија ќе го забрзаат политичкото решение за граѓанската војна, изјави во вторникот сирискиот претседател Башар ал-Асад за руската агенција РИА, два дена откако сириските владини сили со руска воздушна помош ја преземаа контрола над дрвениот град кој од мај 2015 година беше заземен од екстремната сунитска организација Исламска држава.

dobivaj vesti na viber

„Воената поддршка Русија, поткрепата којашто на Сирија ѝ ја даваат пријатели и воените успеси на сириската армија, сето тоа ќе придонесе за забрзување на а политичкото решение, а не обраното“, смета Асад.

Сирискиот претседател се осврнува и на индиректните мировни преговори кои со сириската опозиција ги води неговата влада во Женева под покровителството на Обединетите нации. Вели дека владината делегација „пожала флексибилност“ во разговорите со опозицијата „за да не се пропушти ниту една шанса“ за постигнување на решение.

Преговорите, меѓутоа, не бележат некој особен напредок, бидејќи и владата и опозицијата не попуштаат од своите ставови за политичката транзиција, особено околу политичката иднина на Асад, односно неговото останување на власт./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров: ЕУ дозволи она што за нас беше најважно и што го обезбедивме со преспанскиот договор сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер што испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога...

Македонија2 часа

ДУИ за Коридорот 8: Тие што го саботираа, денес се фалат

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како...

Свет3 часа

Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле

Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100% царини за стоки увезени од Русија претставуваат „театарски ултиматум“...

Свет3 часа

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање...

Македонија3 часа

Алијансата за Албанците: Политичката групација „Флен“ потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија

Политичката групација „Флен“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање...

Свет3 часа

(Видео) Њујорк под вода, поплави во метро-станиците, луѓето заглавени во вагоните

Повеќе од 50 милиони Американци во североистокот се под притисок од поплави, а тие предизвикаа значителни застои во сообраќајот во...

Свет4 часа

Трамп за Би-би-си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не и дека завршил со Владимир Путин, во ексклузивно телефонско интервју...

Свет18 часа

Трамп ѝ постави ултиматум на Русија: Украина добива врвно оружје, вредно милијарди

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со сериозни секундарни царини,...

Регион19 часа

Радев вели дека Македонија самaта си се блокира, хрватскиот претседател порача спорот е внатрешно прашање

За време на средбата со својот бугарски колега Румен Радев, хрватскиот претседател го критикуваше ставот кон земјите од Западен Балкан...

Македонија20 часа

Блерим командува, Данела удира по Албанците: сценарио на ДУИ, велат од „Вреди“

Да расветлиме една од најболните приказни за злоупотреба на институциите против граѓаните, приказната за мрежата што ја создадоа Блерим Беџети...

Топ21 час

(Видео) Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата...

Топ23 часа

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија23 часа

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ23 часа

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија1 ден

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет1 ден

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија1 ден

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа1 ден

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет1 ден

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...

Европа1 ден

ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето...