Вести
Асанж се согласува на сослушување во Лондон

Австралиецот Џулијан Асанж , основачот на разобличувачкиот ресурс WikiLeaks, кој долг период се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, се согласува на предлогот да биде сослушан од шведското државно обвинителство во еквадорската амбасада во Велика Британија, објави во петокот неговиот шведски адвокат Пер Самуелсон.
„Ќе соработуваме со истрагата. Ќе се согласи. Среќен е поради тоа. Тоа го бараме веќе четири години. Истовремено е огорчен што толку време му беше потребно на обвинителството да го направи овој чекор“, изјави адвокатот Пер Самуелсон додавајќи дека Џулијан Асанж е среќен и задоволен поради напредокот во истрагата по обвинувањата за силувања кои секогаш ги негираше.
Запрашан за земање ДНК примерок што го бара обвинителството, адвокатот не дал конечен одговор. „Тоа е еден од деталите за кои треба да расправаме. Меѓутоа, тие веќе имаат негова ДНК. Треба да бидат исполнети уште некои формалности“, смета Самуелсон.
Шведска побара апсење на Асанж во Велика Британија уште во 2010 година, инсистирајќи да биде испишува во Шведска. Две волентерки кои работеле за WikiLeaks во 2010 година го обвинија Асанж за силување. Едната го тужи за сексуално малтретирање затоа што одбил да стави кондом кога имале секс, а другата дека ја силувал, затоа што имал секс со неа додека таа спиела.
Тој беше приведен во Лондон, но беше пуштен со положена гаранција, а потоа побара политички азил во еквадорската амбасада Асанж ти отфрла обвинувањата за сексуално злоставување кои против него ги поднесоа две Швеѓанки и од 2012 година живее во еквадорската амбасада во Лондон.
Асанж стравува дека Шведска веднаш ќе го предаде на САД каде што ќе му биде судено како на лице одговорно за најголемото протекување во јавноста на стотици илјади тајни документи за војните во Авганистан и во Ирак, како и тајните преписки на американската дипломатија. Исто така, Австралиецот стравува дека може да биде обвинет за шпионажа.
Шведското државно обвинителство појасни дека стратегијата ја променило, бидејќи во август годинава настапува застарување на предметот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.