Контакт

Вести

Авганистан ја истражуваат веста за смртта на талибанскиот водач мула Омар

Објавено пред

Висок функционер на авганистанската влада во средата изјавил дека властите спроведуваат истрага за наводната смрт на челникот на авганистанските талибани, мула Мохамед Омар, кој од крајот на 2001 година е во бегство и за чијашто судбина со години ништо не се знае.

dobivaj vesti na viber

Сајед Зафар Хашеми, заменик портпарол на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, на прес-конференција во главниот град Кабул во средата потврдил дека се истражуваат информациите за наведната смрт талибанскиот водач. Претходно извори од авганистанската влада и од тамошните разузнавачки служби потврдиле дека мулата Мохамед Омар, повлечениот во тајност бунтовнички водач починал пред две до три години.

„Запознаеме сме со извештаите за смртта на мула Омар, водачот на талибаните. Сé уште сме во процес на проверка на овие информации …, и веднаш штом ќе добиеме потврда или доказ, ќе го информираме авганистанскиот народ и медиумите “, рекол Хашеми на прес-конференцијата откако авганистанската агенција Khaama пренесе дека и неколку бунтовнички извори известиле за смртта на Омар.

Радикалното исламистички движење Талибан сé уште не се огласи во врска со вестите за смртта на еден од своите најважни челници. Нивни претставници, наводно, рекле дека наскоро ќе излезат со соопштение во врска со ова прашање.

Смртта за изолираниот талибански водач веќе неколкупати се појавуваа како ударни вести, потсетуваат агенциите, меѓутоа ова е првпат да ја потврдат високи извори во владата во Кабул и извори од редовите на талибаните. Меѓутоа, исто така, беа објавувани изминатите неколку години и пораки за кои се тврдеше дека се негови обраќања.

Висок авганистански талибански командант, кој во моментов престојува во соседен Пакистан, изјавил дека Омар умрел од природна смрт, но не прецизирал кога.

„На раскрсница сме и ќе биде потребно извесно време да го решиме прашањето на лидерство“, рекол додавајќи дека една група меѓу талибаните сака водството да го преземе ден од синовите на Омар, додека друга група сака тоа да биде политичкиот водач Антар Мохамад Мансур, кој беше меѓу оние талибански челници кои ги поддржаа мировните преговори.

Како челник на талибанскиот режим, мулата Омар дефакто беше претседател на Авганистан во периодот од 1996 до 2001 година, а почна да се крие по американската инвазија со која беше соборен. Мула Омар ги водеше талибаните во победата над ривалските авганистански милиции во граѓанската војна којашто избувна по повлекувањето на советските војски од земјата.

Неговиот сојуз со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, односно нејзиниот основач и идеолог убиениот во Пакистан Осама бин Ладен, се смета за главната причина за американската инвазија во 2001 година, по терористичките напади врз САД од 11-ти септември таа година. Оттогаш Омар постојано успешно се криеше, а Вашингтон објави награда за информации во врска со него од десет милиони долари.

Веста за наводната смрт на мула Омар доаѓа неколку седмици по првите официјални контакти меѓу талибанските бунтовници и владата во Кабул, поради организирање на мировните преговори. Авганистанската влада, сепак, во меѓувреме не ги прекина своите борбени операции на теренот.

Следните денови во Пакистан треба да се одржи втората средба на претставниците на владата во Кабул и бунтовниците, и доколку биде потврдена смртта на Омар, се поставува прашањето кој како авторитет ќе го замени во преговорите. Во јули беше објавена негова наводна порака во која се истакнува дека тој го поддржува дијалогот, но не беше потврдена автентичноста на документот. Според аналитичарите, индикативно е што веста за смртта на мулата Омар се појавува два дена пред новиот круг мировни преговори.

Талибанското движење е поделено на силите кои ги поддржуваа преговорите со Кабул и на оние кои сакаат да продолжи борбата за власт, особено по повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан. Некои, пак, засега станува збор за малубројни, се приклучија на џихадистичката група Исламска држава која пред една година се отцепи од Ал Каеда, што предизвика загриженост меѓу некои талибански водачи во Авганистан./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ2 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија4 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија4 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија5 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет6 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија6 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа8 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет8 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа9 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион9 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет10 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија10 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет20 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија24 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...