Вести
Авганистанските талибани егзекутирале Австралиец
Борците од радикалното исламистичко движење Талибан во Авганистан егзекутирале државјанин на Австралија, објави ноќта кон понеделникот весникот Guardian Australia кој се повикува на семејството на убиениот.
Телото на 56-годишниот Сајед Хабиб бил пронајдено минатиот вторник во јужната провинција Газни во областа Џагори. Според очевидци, на телото на покојниот биле видливи три огнострелни рани, една во вратот и две во градите, како и знаци дека пред ликвидацијата бил измачуван.Хабиб бил заробен од авганистанските талибани на 20-ти септември додека патувал кон Џагори во посета на роднините. Во меѓувреме се воделе преговори меѓу талибаните и локалните племенски старешини на хазарската заедница за негово ослободување.„Амбасадата на Австралија во Кабул продолжува да бара докази за потврдување на информацијата за убиството во Авганистан на државјанин со двојно државјанство“, изјавил портпаролот на министерство за надворешни работи и трговија на Австралија.Сајед Хабиб, кој се доселил во австралиската метропола Сиднеј од 2000 година, неодамна заминал во посета на своите роднини кои припаѓаат на шиитската хазаренска заедница, кои сунитските муслимани, вклучително и талибаните, ги сметаат за отпадници од верата и се цел на нивните напади. Според локалните медиуми, во регионот каде што бил грабнат Хабиб, неодамна биле погубени уште неколку припадници на религиозните и етнички малцинства во Авганистан.Австралиската влада понудила помош за семејството на Хабиб, коешто се сомнева дека некој на талибаните им открил кога тој ќе патува, затоа што според нивните информации тие го сопреле минибусот со кој се превезувал и по име побарале токми тој да излезе од возилото.Министерството за надворешни работи и трговија (Dfat) ги советуваше австралиските државјани да ги избегнуваат патувањата во Авганистан „поради екстремно ризичната безбедносна состојба и многу високите опасност од терористички напади“. Се смета дека странските државјани, особено од земјите кои учествуваат во коалицијата предводена од САД против џихадистите од Исламската држава се цел на напади во сите сунитски арапски држави./крај/мф/сн
Извор: Guardian Australia
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.