Контакт

Вести

Багдад: IS ја презема одговорноста за нападот со повеќе од 50 мртви

Објавено пред

Екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) ја презема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска процесија во кој според последните податоци се убиени најмалку 55 луѓе, а ранети се уште околу 30.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението коешто го објавила новинската агенција Amaq која ја врши пропагандата на Исламската држава, оваа сунитска џихадистичка групација потврдува дека нејзин бомбаш самоубиец го активирал елекот со експлозив во багдадскиот северен кварт ал-Шабаб, во кој живеат шиитски муслимани.

Експлозијата се случила во шатор преполн со луѓе кои учествувале на шиитскиот верски ритуал Ашура, процесија по повод одбележувањето на маченичката смрт на внукот на пророкот Мухамед, имамот Хусеин во VII век. Покрај тоа, истовремено локални жители ја оплакувале и смртта на свој сосед, соопштија властите.

Во саботата терористите, исто така, нападнале две области северно од Багдад, при што биле убиени 12 лица, соопшти ирачката полиција.

Покрај тоа, во саботата напаѓач за кој се верува дека е припадник на Исламската држава извел два напада северно од Багдад, каде во едната негова цел била полициска станица, а во другиот дом на сунитски полициски офицер кој поддржува централната ирачка влада.

Минатава седмица најмалку девет лица беа убиени откако бомбаш самоубиец се крена во воздух во северниот дел од ирачката престолнина.

Ескалацијата на насилствата во и околу главниот град Багдад доаѓаат во периодот кога ирачките сили се подготвуваат да ја започнат офанзивата за да ја преземат контролата над северниот град Мосул, вториот по големината во Ирак, кој е последниот ирачки град под контрола на Исламската држава и важи како неформална престолнина на нејзиниот самопрогласен калифат, кој го контролира од летото 2014 година./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија60 минути

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија2 часа

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Македонија3 часа

Во полициска станица е вработениот во НБРМ за кој Манев тврди дека го фрлил ранецот со пиштолот и моторолите

Во полициска станица и утрово е задржан вработениот во Народната банка, член на партијата „Десна“, кој вчера беше приведен откако...

Свет4 часа

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија5 часа

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ17 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија18 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија21 час

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија21 час

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија22 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија22 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија1 ден

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија1 ден

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија1 ден

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија1 ден

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ1 ден

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија1 ден

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет1 ден

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет1 ден

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...