Вести
Бахреин по стапките на Ријад ги прекина односите со Иран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/protesti20siiti.jpg)
Кралството Бахреин објави во понеделникот дека ги прекинува дипломатските односи со Иран, следејќи ја Саудиска Арабија, давајќи им на иранските дипломати рок од 48 часови да ја напуштат земјата.
„Кралството Бахреин донесе одлука да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран и бара од сите соработници на дипломатската мисија да го напуштат Кралството во рок од 48 часови. Кралството, исто така, ја затвора својата дипломатска мисија во Иран и ги отповика сите вработени“, пренесува државната агенција BNA.
Како што се појаснува натаму во образложението на оваа сунитска монархија, одлуката била донесена поради мешањето на Иран во работите на Бахреин и на арапските монархии во Персискиот залив, како и поради „ниските напади“ врз амбасадата и конзулатот на Саудиска Арабија во Иран и со намера да се осигури безбедноста во регионот.
Во неделата министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адил ал-Џубеир објави дека Ријад ги прекинува дипломатските односи со Техеран поради „иранското отворено мешање во внатрешните работи на Кралството, непријателските активности и нападот врз амбасадата во Техеран и конзулатот во Мешхед“. Овие инциденти се случија ноќта од саботата кон неделата во рамките на масовните протести против саудиското погубување на четворица шиити меѓу кои и познатиот шиитски проповедник шеикот Нимр Бекр ал-Нимр, кој беше жесток критичар на саудиската династија Ал Сауд.
Погубувањата во Саудиска Арабија од саботата утрото на 47 луѓе, обвинети за „непослушност кон монархот“, „тероризам“ и „поттикнување на тероризам“, меѓу кои и ал-Нимр предизвика негодување и огорченост од шиитските политички и врски лидери, како и во остатокот од светот кој стравува од разгорување на секташки судир на Блискиот исток.
Шеикот ал-Нимр беше уапсен во Саудиска Арабија во 2012 година по масовните протести на шиитскиот исток на земјата поради запоставувањето и дискриминирањето на ова верско малцинство во земјата во која се практикува ултраконзервативниот облик на сунитскиот ислам – вехабизмот. Во 2014 година ал-Нимр беше осуден на смрт за непослушност кон монархот и организирање терористичка ќелија, а Ријад се оглуши на повеќето апели на Техеран да му го поштеди животот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.