Вести
Бахреин побара од високиот претставник на САД да ја напушти земјата
Бахреин во вторникот наложил високиот американски дипломат, Том Малиновски, да ја напушти земјата, соопшти Министерството за надорешни работи на Бахреин по неговиот состанок со водечката шиитска опозициона група.
Министерството навело дека помошникот на државниот секретар на САД за демократија и човекови права, Том Малиновски, е „персона нон грата“ во Бахреин и прецизирало дека тој се вмешал во внатрешни работи на земјата со тоа што одржал состанок со некои групи.
Во соопштението се додава дека ваквите состаноци ги делат луѓето во земјата, а неговото делување е спротивно на конвенционалните диплопатски норми.
Американската петта флота има база во Бахреин. Министерството, меѓутоа, навело дека односите меѓу Бахреин и САД и понатаму остануваат силни и важни.
„Владата на Бахреин наведува дека ваквата постапка не би требало никако да влијае врз односите меѓу двете земји кои се од заеднички интерес“, се вели во соопштението.
На американскиот дипломат му било наредено да ја напушти земјата по состанокот со шиитската опозициска група Ал Вифак. Тој пристигнал во Бахреин во понеделникот и таму требало да остане три дена. За време на неговиот престој било предвидено тој да се сретне и со државните функционери како и со водечкиот активист за човекови права, Набил Раџаб.
Оваа мала островска земја, која се наоѓа во близина на Арапскиот полуостров, од почетокот на 2011 година речиси секојдневно е потресена од протести на шиитите кои бараат поголеми политички права. Повеќе рунди преговори не успеаа да ги премостат разликите помеѓу сунитската монархија и мнозинската шиитска фракција.
Малиновски се уште е во Бахреин, а во моментов се уште се работи на логистика за негово заминување, соопштуваат американските служби./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.