Контакт

Вести

Бајден му се извини на Ердоган за обвинувањата дека Турција ги пропушта исламистите

Објавено пред

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден му се изини во саботата навечер на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган затпоа што претходно изјави дека турскиот челник ја признал грешката на својата земја бидејќи дозволила странски исламисти да се борат во Сирија.

dobivaj vesti na viber

Во извештајот на американската телевизиска мрежа Fox News се наведува дека американскиот претседател Џозеф Бајден разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за да ги „разјасни“ зоровите кои ги искажа пред студентите на универзитетот Харвард и се извинил „за каков и да е заклучок“ делка Турција или другите американски сојузници намерно ги снабдувале со пари и оружје бунтовниците во Сирија што довело до зајакнување на Исламската држава и другите џихадистички рупи во Сирија, според соопштението на Белата куќа.Ердоган негираше дека рекол такво нешто и изјави дека Бајден за него ќе биде „минато“ поради изјавите дадени на Харвард доколку не ја исправи ситуацијата.Терористите коишто дејствуваат во Сирија, меѓу нив и припадниците на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда, добивале финансиска и друга поддршка од регионалните сојузници на САД, изјави американскиот потпретседател Џозеф Бајден во својот говор во четвртокот пред студентите на Универзитетот Харвард, во сојузната држава Масачусетс.„Нашиот најголем проблем во Сирија беа нашите регионални сојузници. Турците важеа како најголемите наши пријатели, како и Саудијците, Емиратите и другите. Но што сакаа тие? Тие беа фокусирани исклучително на тоа како да го соборат (сирискиот претседател Башар ал-) Асад и предизвикаа војна меѓу сунитите и шиитите, тие им пратија стотици милиони долари и десетици илјади тони оружје на сите кои се согласија да се борат против Асад“, рече Бајден.„Вистина е дека некои од тие коишто ја добија оваа помош беа милитанти од Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, Ал Каеда и други екстремистички елементи кои доаѓаат од други делови на светот. Сметате дека претерувам? Погледнете само до каде сето тоа дојде“, истакна потпретседателот на САД.Во моментов, според Бајден, американските сојузници во регионот ја сфатија својата грешка и се согласија да му се приклучат на Вашингтон кој ја предводи антитерористичката меѓународна коалиција. „Одеднаш сите тие сфатија што се случува“, рече.Бајден, исто така, во четвртокот го опиша Ердоган како свој пријател но наспомна дека во приватен разговори му рекол „Бевте во право. Пуштаме премногу луѓе“. Турција инаку во моментов настојува да ја затвори границата кон Сирија поради големиот наплив на курдски бегалци пред офанзивата на џихадистите од Исламската држава.Ердоган, меѓутоа, во саботата за наведените изјави на Бајден рече дека „Никогаш не сум му кажал (на Бајден) дека сме направиле грешка, никогаш. Доколку тој тоа го кажал …, тогаш мора да се извини“. „Странските борци никогаш не влегле во Сирија од нашата земја. Тие може да дојдат во нашата земја како туристи и да преминат во Сирија, но никој не може да рече дека минале со оружје во рацете“, рече Ердоган, пренесоа турските медиуми во саботата. Ердоган додаде дека Турција спречила 6.000 осомничени џихадисти да влезат во Сирија и депортирала уште илјада.Ова препукување со изјави доаѓа во моментот кога се очекува Турција, важна членка на НАТО во регионот, да ја одреди својата улога во коалицијата којашто ја предводат САД против Исламската држава којашто контролира значајни области во Сирија и во Ирак, како и некои стратешки места до самата граница.Турскиот парламент оваа седмица ѝ одобри, всушност го обнови едногодишниот мандат, на владата дека може воено да интервенира преку границите со Сирија и со Ирак, ако и дека странски воени сили можат да ја користат турската територија.Ден претходно Бајден и Ердоган телефонски разговараа за тоа како двете земји можат да соработуваат во слабеењето и уништувањето на исламската држава и обновувањето на безбедноста и стабилноста во регионот, според Белата куќа. Говорот на Харвард се покажа како особено лош потпретседателот Бајден, кој зад себе има историја на гафови и импровизирани изјави кои предизвикуваа недоумици и проблеми за Белата куќа. Медиумите често потсетуваат дека кога во 2010 година претседателот Барак Обама го потпиша законот за здравствено осигурување Бајден пред вклучените телевизиски камери пред микрофонот на претседателот рече дека тоа е „е… добар закон“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет3 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет4 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет4 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа4 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет4 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет10 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет10 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет11 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија13 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија15 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет15 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет16 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет17 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет17 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет19 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет21 час

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија23 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет1 ден

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...