Контакт

Вести

Бан: Сирија знаеше за американските напади врз IS

Објавено пред

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во вторникот навечер изјави дека сириските власти однапред биле известени за претстојните воздушни напади на САД и неговите сојузници врз позициите на џихадистите од Исламската држава (IS) на сириска територија, иако претходно Стејт департментот ги негираше таквите информации на Дамаск.

dobivaj vesti na viber

САД со поддршка на неколку сунитски арапски земји од регионот ноќта кон вторникот изведоа воздушни и ракетни напади врз позициите на радикалните исламистички групи врзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, како Исламската држава, Фронтот (Џебхат) ан-Нусра и Хорасан, во северна Сирија.

Во вторникот постојаниот претставник на Сирија во ОН, Башар Џаафари изјави дека за операцијата којашто се подготвува бил лично предупреден од претставници на САД во ОН.

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Моалем претходно потврди дека го примил писмото на американскиот државен секретар Џон Кери за нападите упатено преку ирачката влада во Багдад. Сириското министерство за надворешни работи објави дека „со часови пред почетокот на нападите“ преку ирачките власти го добило писмото со известување од Кери.

Меѓутоа попладнето во вторникот САД објавија дека не барале дозвола од Сирија, ниту со таа земја го координирале нападите врз милитантите од Исламската дражва и другите џихадистички групи на сириска територија. „Не ги координиравме нашите акции со сириската влада. Сиријците на воено ниво претходно не ги известивме или им дадовме какви и да се сигнали за времето на нападите врз одредени цели“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки. Додаде дека американскиот државен секретар Џон Кери не испратил писмо за владата во Дамаск.

„Сакам да истакнам дека владата на Сирија беше известена однапред за тоа. Сакам, исто така, да истакнам дека нападите беа нанесени во области кои не се под контрола на властите (во Дамакс)“, изјави на прес-конференција во седиштето на ООН, генералниот секретар Бан Ки-мун кого го цитира РИА Новости.

Бан додаде и дека е неопходно да се води грижа да се избегнат жртви меѓу цивилното население.

„Како заштитник на принципите на Обединетите нации, сакам да ја истакнам важноста од тоа дека сите мерки треба да се во согласност со Уставот на ОН, а исто така и неопходноста да се постапува во согласност со меѓународното хуманитарно право. Страните вклучени во оваа кампања, се должни да ги преземат сите неопходни мерки за да се избегне и минимизира бројот на цивилните жртви“, рече Бан.

Изјавата на генералниот секретар на светската организација доаѓа како реакција на извештаите на активистите од теренот на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон според кои во речиси 20-те напади врз позициите на Исламската држава во покраината Рака во близина на локалитетите Табака, Ајин Иса и Тал Абиџаф загинале околу 50 лица во редовите на џихадистите, но и осум цивили, од кои една жена и три деца./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија34 минути

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија2 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија3 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа4 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ5 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет5 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа6 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет6 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија7 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет16 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија20 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија22 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...