Контакт

Вести

Белата куќа најави дека Обама ќе оди во историска посета на Хирошима

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама на 27-ми мај ќе ја посети Хирошима како првиот актуелен американски претседател кој тоа ќе го стори откако во Втората светска војна, но нема да се извини за американското бомбардирање со атомска бомба на овој јапонски град, а во рамките на турнејата по Азија, тежиште на неговата надворешна политика, ќе го посети и Виетнам, објави во вторникот Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

За можната посета на Хирошима од американскиот претседател Баак Обама прв пишуваше кон крајот на април јапонскиот дневен весник Nikkei, а Белата куќа во вторникот соопшти дека со доаѓањето во придружба на јапонскиот премиер Шинзо Абе, челникот на САД ќе ја истакне „трајната американска приврзаност на мирот и безбедноста во светот без нуклеарно оружје“.

Доаѓањето во Хирошима, на Обама во САД би можело да му донесе критики, доколку на него се гледа како на извинување, но сигурно ќе биде топло поздравено во Јапонија, пишува агенцијата AFP. Се овенува дека е логично во Хирошима да замине претседател кој нуклеарното разоружување го направи еден од столбовите на своите два мандата поради што и ја доби Нобеловата награда за мир.

„Тој нема да ја преиспитува одлуката за употреба на атомската бомба на крајот од Втората светска војна. Наместо тоа, ќе понуди долгорочна визија насочена на нашаѕа заедничка иднина“, напиша заменикот на советникот на Обама за национална безбедност Бен Родес.

Од 20-ти до 28-ми мај Хирошима ќе биде десеттата станица на Обама во Азија, на која неговата администрација го префрли тежиштето на надворешната политика, како противтежа на кинеската надмоќ во тој регион. Во Јапонија Обама ќе учествува на самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) а ќе го посети и Виетнам, каде што ќе разговара за безбедноста, човековите права и трговијата.

Шпекулациите за доаѓањето на Обама во Хирошима траат со месеци, а посетата ја подготви американскиот државен секретар Џон Кери кога го посети градот кој првиот ги почувствува стравотиите на атомската бомба. „Никогаш нема да ги заборавам тие слики, од кои се создава мачнина во желудникот“, напиша Кери на 11-ти април по посетата на музејот на градот и гледајќи ги вознемирувачките сведоштва од нуклеарниот оган кој ја разорил Хирошима.

На 6-ти август 1945 година американскиот бомбардер наречен „Enola Gay“ фрли бомба врз градот усмртувајќи директно 140.000 луѓе, а три дена подоцна иста бомба во Нагасаки одзема 70.000 животи. САД никогаш не се извинија за тие напади. Повеќето Американци сметаат дека бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки било оправдано за да се заврши војната и да се спасат американски животи. Големо мнозинство Јапонци, пак, сметаат дека бомбардирањето воопшто не било оправдано.

Пред учеството на самитот Г-7 во Исе-Шима, Обама три дена ќе престојува во Виетнам каде што, според изјави од Стејт департментот, нема да биде донесена никаква одлука од целосното укинување на ембаргото на оружје за оваа земја. Во 2014 година, САД делумно го укинаа 40-годишното ембарго за продажба на оружје, но Виетнам се надева на целосно укинување. Обама ќе биде третиот американски претседател кој ќе го посети Виетнам со кој САД војуваа во тешка и крвава војна завршена со повлекување на нивните војски и победа на комунистичката герила во 1975 година.

„Еден од главните фактори за евентуалното укинување на ембаргото на оружје е почитувањето на универзалните стандарди на човековите права“, вело Даниел Расел, помошник на државниот секретар за Азија и Пацифик. Виетнам, инаку, уште остро ги казнува дисидентите и противниците на комунистичкиот режим и го забранува синдикалното организирање.

Виетнамската поп ѕвезда Маи Кои, која ја нарекуваат „Виетнамската Леди Гага“, неуспешно се кандидираше за изборите на 222-ри мај, но нејзината кандидатура, како и на другите неподобни, беше отфрлена. Таа мисли дека Обама во Виетнам треба да се сретне токму со тие луѓе како неа, а неофицијално се најавува дека американскиот претседател може да се сретне со лицата кои се сметаат за дисиденти./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија2 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија2 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија4 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија4 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа6 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ6 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет6 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа7 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет8 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија8 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет17 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија21 час

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија24 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...