Вести
Безбедносно предупредување за западните државјани во Пекинг за Божик
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/sanlitun20peking.jpg)
Најмалку четири западни земји објавија безбедносно предупредување за своите државјани во текот на божикните празници во популарната дипломатска и забавна четврт на кинеската престолнина Пекинг во која полицијата ги засили патролите.
Пекинг е главно безбеден град, а странците многу ретко се цел на криминалците, иако повремено се случуваат инциденти во помодарскиот кварт Санлитун каде има голем број ресторани и барови. Во август годинава во оваа област напаѓач со нож избоде Французин и Кинеска, која подоцна почина од здобиените повреди.
Американската амбасада во Пекинг во кусата писмена изјава наведува дека „примила информации за можни закани“ во текот на Божик на 25-ти декември или околу овој датум против западни државјани во квартот Санлитун, каде што, исто така, има голем број амбасади.
Француската амбасада, како и министерствата за надворешни работи на Велика Британија и Австралија, објавија слични предупредувања без да дадат никакви поединости.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи за Reuters изјави дека е запознаен со извештаите, како и дека владата ѝ придава големо внимание на безбедноста на странските државјани во Кина.
Пекиншката полиција, во изјавата објавена на нејзиниот официјален блог, соопшти дека на сила стапува вториот „жолт“ степен на предупредување во текот на католички Божик и Нова година, а вниманието ќе биде насочено на трговските центри кои се претпоставува дека во текот на празничните денови ќе бидат посетени од поголем број луѓе. „Полицијата планира однапред и презема повеќе мерки…. да го осигури јавниот ред и мир“, се наведува во изјавата.
Божик не се слави како празник во официјално атеистичка Кина, но многу млади луѓе го слават на сопствен начин, како софистициран западен обичај и пригода за дарување.
Фотографот Reuters потврдил дека видел вооружени полициски специјалци пред главниот трговски центар во Санлитун. Редовната полиција во Кина не носи оружје, а вооружениот криминал не е вообичаен./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.