Контакт

Вести

Боко Харам уби 15 лица во Нигерија

Објавено пред

Припадниците на исламистичката вооружена групација Боко Харам убиле во петокот 15 лица во село крај нивното историско упориште во Маидугури, на североистокот на Нигерија, соопштија во саботата безбедносните сили.
 

dobivaj vesti na viber

Припадниците на исламистичката вооружена групација Боко Харам убиле во петокот 15 лица во село крај нивното историско упориште во Маидугури, на североистокот на Нигерија, соопштија во саботата безбедносните сили.

 

 

„Терористите околу пет часот изутрината го нападнале селото Камбари, оддалечено пет километри од Маидугури. Убиле 15 лица, по што го запалиле селото“, се вели во соопштението.

 

По неуспешниот обид  да влезат во Маидугури, терористите се упатиле кон Камбари.

Маидугури и околината често се на мета на напад на исламистите на Боко Харам од 2009 година, кога започна нивниот бунт, со кој сакаат да формираат калифат на северот на Нигерија со муслиманско мнозинство.

 

Претседателот Џонатан Гудлак, христијанин од југот на државата требаше во саботата во Маидугури да ја започне кампањара за претседателските избори закажаи за 14 февруари. Негов противкандидат ќе биде поранешниот генерал, муслиманот Мохамаду Бухари, кој ужива култен статус меѓу голем број жители на северот./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија4 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија5 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија5 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ6 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа7 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет7 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа8 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет9 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет9 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет9 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија19 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија24 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија1 ден

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ1 ден

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија1 ден

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија1 ден

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...