Вести
Бројот на Иранците загинати во стампедото во Мека се искачи на 169
Бројот на иранските аџии кои загинаа во стампедото во долината Мина крај најголемото муслиманско светилиште Мека во Саудиска Арабија, се искачи на 169 лица, соопштија организаторите на хаџот во Иран.
Претходно беше соопштено дека меѓу засега официјално потврдените смртни случаи на 769 луѓе и уште 934 повредени, се наоѓаат 155 Иранци. Бројот на повредените ирански аџии е 103, а уште 307 ирански државјани се водат како исчезнати, пренесува новинската агенција Irna.
Техеран смета дека бројот на загинатите ирански шиитски аџии е поголем, како и оти вкупниот број жртви кои смртно настрадале во долината Мина, изнесува дури две илјади. Инаку несреќата од четвртокот утрото, е најголемата трагедија којашто се случила при хаџот во Мека во последните 25 години.
Врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој за трагедијата претходно ги обвини саудиските организатори на хаџот по повод празникот Курбан-бајрам, во неделата побара Саудиска Арабија да се извини за „небрежноста“ која довела до стампедото.
„Суадијците, наместо да ја префрлаат вината на другите и да го обвинуваат ова или она, мора да ја преземат одговорноста и да му се извинат на исламскиот народ и на нивните скршени семејства. Тоа прашање нема да биде заборавено и народот сериозно ќе го следи“, се вели во соопштението на ајатолахот Хамнеи.
Саудискиот министер за здравство Калед ал-Фалах изјави претходно дека стампедото коешто се случи во четвртокот за време на ритуалот каменување на ѓаволот, се случило поради тоа што аџиите не се придржувале до прописите и биле недисциплинирани, поради што дошло до судирање на две огромни колони кои се движеле во спротивни насоки./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.