Вести
Бројот на жртвите од ураганот Метју во САД се искачи на 33 лица
Бројот на жртвите во ураганот Метју во САД достигна 33 луѓе, соопштија во вторникот локалните власти коригирајќи го досегашниот податок за 27 смртно настрадани.
Како што пренесе телевизиската мрежа NBC News, 33-те смртни случаи се регистрирани во пет американски сојузни држави во југоисточниот дел од земјата. Најмногу загинати – 14 луѓе, се пријавени во Северна Каролина, каде што според гувернерот Пет Меккрори,уште три лица се водат како исчезнати. Другите смртни случаи се пријавени во државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.
Покрај тоа, полициските службеници во Северна Каролина за време на поплавата застрелале вооружен маж, кој според соопштението на локалните власти, од засега неутврдени причини се однесува агресивно. Други поединост за овој инцидент досега не се соопштени.
Американскиот претседател Бара Обама објави состојба на природна катастрофа во Северна Каролина, со што ќе можат да се користат сојузните фондови за помош при справување со последиците од невремето.
Властите на оваа сојузна држава извршија евакуација во округот Леноар поради опасност од поплави предизвикани од ураганот. Според управата за јавна безбедност во оваа сојузна држава, спасувачите им укажале помош во текот на невремето и по неговото минување на повеќе од две илјади луѓе.
Националниот центар за следење на ураганите на САД објави во неделата дека ослабува силата на ураганот Метју кој ги погоди земјите од Карипскиот басен и југоисточниот брег на САД, до нивото на тропски циклон.
Ураганот Метју беше најсилниот на Атлантикот од 2007 година. По Хаити, каде што зад себе остави околу 400 жртви и опустоши неколку градови, а во Доминиканската Република предизвика четири смртни случаи, скршна кон југоистокот.
Сезоната на урагани на Атлантик трае вообичаено шест месеци, од 1-ви јуни до 30-ти ноември. Атмосферскиот феномен се класифицира како тропска бура и добива сопствено име, доколку брзината на ветерот во неговиот епицентар достигнува 17,5 метри во секунда. При брзина на ветерот од 32,8 метри во секунда и повеќе, бурата преминува во ураган./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.