Контакт

Вести

Бројот на жртвите во нападот врз индиската воена база се искачи на 10

Објавено пред

Носител на златен медал во стрелаштво е еден од најмалку десетте лица убиени во нападот врз воздухопловната база на индиската армија, соопштија локалните функционери во неделата, додека војниците го расчистуваат комплексот во близна на границата со Пакистан, ден по повеќечасовниот вооружен удир со напаѓачите и поради зголемените безбедносни мерки.

dobivaj vesti na viber

Шест припадници на индиските безбедносни сили се убиени, а тела на четворица милитанти се извлечени од урнатините на воениот комплекс по нападот од саботата утрото врз добро утврдената воздухопловна база Патанкот во северозападната сојузна индиска држава Пенџаб.

Нападот го извршиле вооружени лица облечени во униформи на индиската војска, само една седмица од ненајавената средба на индискиот премиер Нарендра Моди со пакистанскиот колега Наваз Шариф во настојувањата да се намалат тензиите меѓу двата соседа, кои инаку се нуклеарни сили.

Во нападот е убиен Субедатр Фатех Синг, добитник на златен медал на првото Првенство во стрелаштво на земјите членки на Комонвелтот во 1995 година, соопшти Индискиот национален стрелачки сојуз.

Функционери велат дека нападот врз воената база на 25 километри од границата со Пакистан ги има обележјата на нападите кои ги вршат пакистанските исламистички милитанти, и оти тоа ја покажува кревкоста на неодамнешните напори да челниците на двете земји да ги заживеат билатералните односи.

Пакистан веднаш го осуди нападот и порача дека сака да продолжи градењето на меѓусебната доверба со Индија, поттикнато со ненадејната посета на Моди на Пакистан.

Во индиската престолнина Њу Делхи возовите доцнеа во неделата претпладнето, откако била примена информација за можен бомбашки напад врз возот кој оди кон Лукнов, град на југоистокот од земјата.

Освен во железничкиот сообраќај, зголемени се безбедносните мерки и на автобуските станици../крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион1 час

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет3 часа

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет3 часа

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија3 часа

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија7 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија8 часа

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија11 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет13 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија14 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија14 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ1 ден

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет1 ден

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија1 ден

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија1 ден

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ1 ден

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија2 дена

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет2 дена

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет2 дена

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија2 дена

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...