Вести
Бројот жртви од експлозијата во Багдад се искачи на 250
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/NB-173082-636032311094453597.jpg)
Министерството за здравство на Ирак соопшти во средата дека бројот на жртвите од неодамнешниот бомбашки напад во главниот град Багдад се зголеми на 250 убиени луѓе, со што стана најсмртоносниот напад уште од американската инвазија во 2003 година.
Претходно, безбедносни и медицински функционери соопштија дека во нападот загинале најмалку 213 лица, а повеќе од 200 се ранети, и оти се очекува бројот на жртвите да се зголеми.
Во неделата возило полно со експлозив беше кренато во воздух во багдадскиот шиитски кварт Карада, каде што традиционално цели семејства пазарат во пресрет на одбележувањето на завршувањето на муслиманскиот свет месец рамазан и прославата на Еид ал-Фитр, или Рамазан бајрам, кој започна да се прославува во вторникот.
Истиот ден во Багдад се случи и втора експлозија на отворениот пазар во квартот ал-Шааб во југоисточниот дел од ирачката престолнина.
Одговорноста за нападот ја презема екстремната сунитска групација Исламска држава, за којашто шиитите, кои се мнозинство во Ирак, се еретици.
Во вторникот поради овој терористички напад оставка си поднесе ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед ал-Гобан. Притоа тој го призна неуспехот на ирачката влада да ги организира работењата на безбедносните и разузнавачките служби во осигурување на безбедноста на граѓаните.
Гобан посочи за новинарите на прес-конференцијата во Багдад дека возилото со експлозив пристигнало од покраината Дијала, северно од Багдад, што значи дека без пречки ги минало сите контролни точки. Тврди, исто така, дека контролните пунктови всушност се расфрлени по земјата и дека од нив нема „апсолутно никаква полза“./крај/мф/сн
Извор: INA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.