Вести
Бунтовниците ги ослободиле 300-те Курди грабнати во Сирија

Исламистичките бунтовници ослободиле во понеделникот вечерта околу 300 Курди коишто претходно во текот на денот ги земаа во заложништво во северозападна Сирија.
Како што изјавил за Reuters Наваф Халил, портпаролот на сириската Партијата на демократскиот сојуз (PYD) во Европа, „луѓето беа ослободени од исламистичките бунтовници кои ги држеа“. Нема информации за околностите во кои биле ослободени припадниците на сириската курдска заедница.
Претходно беше објавено дека милитантите од исламистичката група Џебхат (Фронтот) ан-Нусра во понеделникот утрото сопреле пет автобуси и минибус и од нив земеле во заложништво околу 300 мажи и децата додека жените биле ослободени. Курдите кои биле грабнати кај селото ал-Дана во сириската покраина Идлиб, патувале од местото Африн кон двата најголеми градови Алепо и Дамаск, да ги подигнат платите.
Според Reuters, во заложништво биле земени само 300 мажи, кои биле предадени на „шеријатската полиција“ на Фронтот ан-Нусра, сирискиот огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Сириската државана агенција SANA објави дека сириските владини сили започнале големо бомбардирање на бунтовничките позиции во градот Идлиб, административниот центар на истоимената покраина, при што се јавува за стотици убиени исламисти.
Идлиб, град со 100 илјади жители, на 28-ми март беше заземен од страна на борците на Фронтот ан-Нусра, и стана вториот по големина сириски град по Рака, во истоимената покраина кон Ирак кој е центар на ткн калифат на Исламската држава, кој падна под целосна контрола на џихадистите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.