Контакт

Вести

Бунтовниците во Украина тврдат дека не можат да урнат патнички авион

Објавено пред

Проруските бунтовници не поседуваат воена техника и опрема со којашто можат да урнат патнички авион кој лета на височина од 10 метри, изјави во вторникот Алесандр Захарченко, премиерот на самопрогласената Народна Република Донецк.
 

dobivaj vesti na viber

Проруските бунтовници не поседуваат воена техника и опрема со којашто можат да урнат патнички авион кој лета на височина од 10 метри, изјави во вторникот Алесандр Захарченко, премиерот на самопрогласената Народна Република Донецк.

 

„Можам да кажам само дно: ние едноставно немаме воена опрема којашто би можела да урне патниот ’Boeing’, вклучително и малезискиот авион“, изјави челникот на проруските бунтовници Александр Захарченко, етнички Украинец, пренесува руската агенција Интерфакс.

Претходно во вторникот холандската истрага за падот на малезискиот патнички авион на 17-ти јули во близина на руската граница во областа којашто ја контролираат бунтовниците во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот го објави прелиминарниот извештај. Според Холандското биро за безбедност (OVV), авионот „Boeing 770-200 се распаднал во воздух, веројатно поради структурални оштетувања предизвикани во голем број од надворешно влијание на високо енергетски објекти (проектили)“.

Западните медиуми потсетуваат дека противвоздушните ракети имаат близинска запалка која го активира експлозивното полнење на одредена оддалеченост од целат, по што голем број метални шрапнели од ракетата го оштетува авионот.

САД и Украина ги обвинуваат проруските бунтовници дека го урнале авионот на летот МН17 од Амстердам за Куала Лумпур со руска ракета земја-воздух, со ракетен систем доведен од Русија и со кој оперирале руски офицери или обучени од нив украински бунтовници.

Руското министерство за одбрана објави податоци дека во времето на уривањето на авионот на позициите кои во источниот дел од земјата беа под контрола на украинската армија бил активен еден ракетен систем „Бук-1М“ кој може да погоди цел на височина од 10 илјади метри, како и дека во близина на малезискиот авион непосредно пред падот летал украински борбен ловец „Сухој Су-25“.

На 6-ти август, малезискиот весник The New Straits Times, повикувајќи се на странски експерти, меѓу кои и американски, пишуваше дека малезискиот „Boeing 777“ бил најверојатно со борен од ракета или од топ на ловец „Сухој Су-25“, пишува во средата малезискиот магазин. Експертите, консултирани од магазинот, сметаат дека борбениот авион истрелал ракета „воздух – воздух“ врз патничкиот авионк, а потоа го „довршил“ со истрел од неговиот 30-милиметарски топ. Според нив, со тоа можат да се објасни природата на оштетувањата на авионот и разлетувањето на остатоците од него. Имено, тие посочуваат на постоењето на заоблени влезни-излезни дупки на пронајдените фрагменти од малезискиот авион, коишто се типични за истрели од топ, исто како и при експлозија на ракета чиишто шрапнели можат да предизвикаат такви дупки.

Според оваа нова верзија, била употребена топлински самонаведувана ракета којашто носи трикилограмска боева глава, којашто го погодила најчувствителното место на авионот – моторите. Оваа верзија ја исклучува претходната според којашто авионот бил соборен со ракетниот систем „Бук“, бидејќи според експертите доколку авионот би бил погоден со ваков проектил од него не би останало речиси ништо, и не би имало потреба од „дополнителен“ напад од топ.

Како што истакнува магазинот, „Су-25“ може да достигна максимална височина од 25 илјади фути (7.600 метри), а малезискиот авион летал на височина на 10.600 метри. Сепак, според соговорник The New Straits Times, „’Су-25’ би требало да дејствува на границите од своите перформанси, но тоа е возможно“.

Четири дена по несреќата на летот МН17 од Амстердам до Куала Лумпур, началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, генерал-потполковникот Андреј Картаполов на прес-конференција во Москва соопшти дека украински ловец од типот „Сухој Су-25“ бил 3 до 5 километри оддалечени од малезискиот „Boeing 777“ непосредно пред неговиот пад, кој притоа ги повика САД да објават сателитски снимки од тој временски интервал, а украинскиот претседател Петро Порошенко одговори дека во времето на несреќата сите украински авиони биле приземјени.

„Видовме дека украинскиот авион ’Су-25’ се крева кон малезискиот ’Boeing’ кој од него беше оддалечен 3 до 5 километри. Су-25 може да лета на височина до 10.000 метри. Носи ракети со дострел од 12 километри и сигурно гаѓа цел на растојание до 5 километри“, изјави генералот Андреј Картаполов на прес-конференцијата во Москва. „Се прашуваме: зошто ловецот летал на таа височина кога и цивилен авион?“, додаде Картаполов.

Авионот од типот „Сухој Су-25“ кој во класификацијата на НАТО се именува како Frogfoot примарно е јуришен авион за напади на цели на земјата. Но постои варијанта и можност овој тип авион да биде опремен со ракета Р-60 воздух-воздух.

Евиденцијата за комуникацијата со украинските контролори на летањето обајвена во прелиминарниот холандски извештај потврдува дека екипажот не испратил никакви повици за итни ситуации. Последниот повик на диспечерот се регистрирани меѓу 15,50 и 15,52 часот по македонско време и останал без одговор од екипажот. Се истакнува и дека во 15,49 часот авионот направил отклонување за 3,6 наутички милји кон север од центарот на воздушниот коридор по кој требало да лета.

Тоа, пак, се совпаѓа со тврдењата на руското министерство за одбрана набрзо по трагедијата кое ведеде дека во текот на летот „по Донецк малезискиот авион ја променил насоката и се оддалечил од својот коридор, 14 километри налево. Потоа се обидел да се врати во коридорот, но не го извел докрај маневарот. Во 17.20 часот (по московско време) забележан е значителен пад на брзината, а во 17.23 часот исчезнал од радарските екрани на руската контрола на летањето. Прашање е зошто излегол од својот коридор, односно дали станува збор за навигациска грешка или наредба на украинскиот контролор на летот“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 час

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа2 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија12 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија20 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија22 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...