Вести
Буркина Фасо: 29 убиени во џихадистичкиот напад
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/burkina20faso.jpg)
Најмалку 29 луѓе се убиени а уште триесетина се ранети во џихадистичкиот напад врз хотел и ресторан во Уагадугу, главниот град на малата западноафриканска земја Буркина Фасо, соопшти во саботата вечерта тамошното министерство за внатрешна безбедност и се додава дека ликвидирани се четворицата напаѓачи.
Претходните информации на властите на Буркина Фасо говореа за 26 жртви. Повеќето жртви се белци, навел за AFP извор близок на обвинителството, кој наведува и дека најмалку пет локални жители се меѓу жртвите. Спасени се вкупни 176 лица.
Ликвидирани се четири џихадисти, од кои тројцата муџахедини Арап и двајца темнокожи Африканци се идентификувани, и сите се мажи, изјави министерот Симон Компаоре, прецизирајќи дека напаѓачите биле многу млади и оти стигнале на местото со возила со регистарски ознаки на Нигер. Еден друг безбедносен извор претходно спомена дека во нападот учествувале најмалку четворица џихадисти, од кои две биле жени, но подоцна оваа информација беше демантирана.
Џихадистите од групата Ал Каеда на исламскиот Магреб го нападнаа ноќта во петокот хотелот „Splendid“ и ресторанот „Capuccino“ кој се наоѓа наспроти хотелот во центарот на главниот град Уагадугу, кои главно ги посетуваат лица од западните земји кога престојуваат во Буркина Фасо, како и персоналот на агенциите на Обединетите нации кои дејствуваат во оваа земја.
На безбедносните сили им беа потребни 12 часа да ги совладаат напаѓачите. Во операцијата силите на Буркина Фасо добија поддршката на француските специјалци кои се стационирани во предградие на Уагадугу во рамките на борбата против исламистите во операцијата под наслов „Сахел“. САД, исто така, имаат 75 војници во Буркина Фасо, и соопштија дека им дале поддршка на француските сили во операцијата.
Групата Ал Каеда во исламски Магреб (AQIM), која е позната и како „Салафистичка група за проповед и битки“, ја презема одговорноста за нападот во Буркина Фасо. Оваа исламистичка група чија база е во Алжир, презема напади и во соседните земји, особено во Нигер и Чад. Покрај тоа, оваа група е една од најактивните во судирите во земјите на Магреб. AQIM е основана во 1997 година од поранешен командант на движењето „Вооружена исламска група“ основано од радикалните исламисти во Алжир./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.