Контакт

Вести

Четири предлози во потесен избор за ново знаме на Нов Зеланд

Објавено пред

Четири предлози влегоа во потесниот избор за новото знаме на Нов Зеланд, а на неден од нив го нема досегашното британско Јунион Џек.

dobivaj vesti na viber

Актуелното знаме на Нов Зеланд прикажува констелација на Јужниот крст, соѕвездие видливо само од Јужната хемисфера, и во горниот агол го содржи и намалениот Јунион Џек, знамето на Велика Британија.

Новозеландската влада минатата година го започна процесот за избор на ново знаме, со образложение дека сегашното го симболизира колонијалниот и постколонијалниот период.

„На знамето доминира Јунион Џек, а над нас повеќе не доминира Велика Британија. Предлагам да одиме чекор натаму во развојот на модерен Нов Зеланд и да ја признаеме нашата независност и преку новото знаме“, рече тогаш премиерот Џон Ки. Меѓутоа, минатиот месеци истакна дека, сепак, промената на знамето не значи дека се зазема за тоа Нов Зеланд да стане република и вети дека земјата ќе ги задржи силните врски со британската монархија.

Откако прими повеќе од 10.000 предлози, државната комисија за новото знаме, изборот го сведе на четири предлози.

На три од нив доминира сребрен папрат, еден од новозеландските симболи, со различни бои на подлогата, а на четвртиот е „кору“, симболот на Маорите, староседелците на оваа островска земја. На два предлога покрај лисјата папрат останал и Јужниот крст, меѓутоа сите дизајнери од нивните знамиња го елиминирале Јунион Џек.

Четири знамиња коишто влегоа во најтесниот избор ќе бидат избрани до половината на септември, а јавноста ќе добие можноста да избере кое го сака на референдум кон крајот на годинава. Гласачите тогаш во втората фаза ќе можат да изберат меѓу знамето кое добило најмногу гласови и сегашното знаме на вториот референдум во март 2016 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, со реакција на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за...

Македонија3 часа

Важно е луѓето да бидат одговорни за своите дела, се надевам дека тој е еден од нив, вели Агелер за Груби

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот...

Македонија5 часа

Мицкоски сака да биде и судија и егзекутор, да дели партиска наместо законска правда: СДСМ за распуштањето на Судскиот совет

Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски дека владата планира да го распуши Судскиот совет со разрешување на 5 членови...

Македонија5 часа

Месарниците под лупа на инспекторите

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во...

Македонија5 часа

Кртовите што ги пробиваат полициски акции ќе бидат извадени од дупките и ќе одговараат, Мицкоски вели дека се рецидив од претходната влада

Кртовите што даваат информации за полициските акции ќе бидат пронајдени и ќе одговараат, рече денес претседателот на Владата, Христијан Мицкоски....

Македонија10 часа

Кривична против 12 македонски државјани и 1 странец за 45 кривични дела поврзани со шверцување луксузни возилa, фалсификување исправи и злоупотреба на службената положба

На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот...

Македонија11 часа

Најладно во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -8 степени, -6 степени било во Маврови Анови, -5 во Битола,...

Европа12 часа

Словачкиот министер за одбрана рече дека Украина можеби ќе мора да отстапи територија

Министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак вчера изјави дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од својата територија...

Регион13 часа

Денеска пресуда за семејството Кецмановиќ за злосторството на нивниот син во „Рибникар“: се бара максимална казна

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на...

Свет13 часа

Почина Џими Картер, поранешен американски претседател

Џими Картер, скромен земјоделец од Џорџија, кој како претседател на САД се бореше со лошата економија и заложничката криза во...

Македонија24 часа

Груби не побегна, рече Ахмети за поранешниот вицепремиер кој се бара со меѓународна потерница

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја коментираше ситуацијата со бегството на поранешниот вицепремиер во Владата ,...

Свет1 ден

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца...

Македонија1 ден

MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна

Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“. Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен...

Свет1 ден

(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел...

Свет1 ден

Патник испратил порака до семејството пред катастрофата – најмалку 151 лице загина во авионската несреќа во Јужна Кореја

Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга...

Свет1 ден

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет1 ден

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет1 ден

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија2 дена

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија2 дена

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...