Вести
Цивилите и натаму бегаат од авганистански Кундуз
Цивилите во неделата и натаму бегаат од северниот авганистански град Кундуз, додека се шири хуманитарната криза на седмиот ден од талибанската офанзива врз овој град, кој веќе во септември 2015 година кусо време беше под контрола на ова радикално исламистичко движење.
Според последните процени кои ги објави бирото за хуманитарни работ при Обединетите нации (OCHA) „околу 24.000 раселени од Кундуз стигнале во градовите во соседните покраини“. „Тие податоци би можеле да бидат променети, бидејќи пристигнуваат нови семејства“, прецизира OCHA која уште во четвртокот предупреди дека во градот има недостиг од вода за пиење, електрична енергија и од основни продукти.
Талибаните го нападнаа Кундуз на 3-ти октомври во мугрите и спротивно од тврдењата на авганистанските власти кои истата вечер објавија дека ја преземале контролата, во градот и околината сé уште траат судирите, без оглед на тоа што интервенираа и специјалните авганистански сили и поддршката од американските копнени и воздушни сили.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани смета дека целта на оваа последна офанзива е попречување на меѓународната донаторска конференција којашто во вторникот започна во Брисел.
„Засилувањата се испратени во Кундуз, непријателот ќе биде казнет. Сите непријатели на сите фронтови се поразени или ќе бидат наскоро“, тврдеше претседателот Гани во неделата.
Заменикот портпарол на министерството за одбрана ги потврдил изјавите на цивилите кои бегаат пред налетот на талибаните, дека нивните борци влегуваат во домовите и ги користат цивилите како човечки штитови, што ја компликува можноста за судири во градот.
Пратениците од Кундуз ја осудија владата во Кабул поради тоа што не го спречила талибаните да о заземат градот. Додаваат дека илјадници луѓе бегаат од овој град, воопшто без помош од властите. Засега единствениот достапен податок пристигнува од регионалната болница во Кундуз за тројца загинати и 300 ранети цивили кои се во нивната институција, но жителите стравуваат дека жртви има многу повеќе.
Министерството за внатрешни работи на Авганистан, пак, во соопштението од неделата наведува дека во последните 24 часа се убиени девет талибански команданти и ранети се триесетина бунтовници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.