Контакт

Вести

Цивилите преку хуманитарните коридори гo напуштаат Алепо, бунтовници го положуваат оружјето

Објавено пред

Многубројни семејства кои долго време се целосно опколени во бунтовничките квартови во Алепо од владините сили, го напуштаат градот по хуманитарните коридори кои ги отвори владата во Дамаск, извести во саботата службената новинска агенција SANA, а телевизијата al-Ihbaruya пренесува дека вториот по големина сириски град го напуштаат и бунтовниците кои го положуваат оружјето и им се предаваат на владините сили.

dobivaj vesti na viber

Според репортерот на телевизијата, со првата група цивилни бегалци од Алепо излегла и група бунтовници, кои ги положиле пешадиското оружје. „Сите тие беа Сиријци, странски наемници немаше меѓу нив“, јави репортерот Анас Рамадан. Додаде дека нема сознанија на која од бунтовничките групи ѝ припаѓале овие борци.

И агенцијата SANA наведува дека дел од бунтовниците го предале оружјето, но не го прецизира нивниот број. Телевизијата и агенцијата објавуваат снимки на жени облечени во црна облека како со деца во колона ја минуваат улицата опустошена во повеќе од петгодишната војна, а ги дочекуваат и во автобуси ги сместуваат војници.

Во саботата доцна попладнето се очекуваше да започне евакуацијата на втората цивилите од Алепо. Не е исклучено на евакуацијата да ѝ се приклучат припадници на вооружените опозициски групи коишто сакаат да ја искористат општата амнестија којашто ја прогласи сирискиот претседател Башар ал-Асад.

И опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) извести во саботата за излегувањето на „бројни цивили“ од источниот опколен дел од градот Алепо кон кој сириската армија ги прекина сите приоди, преку коридорот низ квартот Салахедин.

„Десетици семејства утрово излегоа од источните квартови на Алепо преку хуманитарните коридори отворени за да се евакуираат граѓаните од деловите на градот под окупација на терористичките групи“, пренесува агенцијата SANAи додава дека „ги дочекаа војници кои потоа со автобуси ги превезоа до привременото засолниште“.

Според указот на сирискиот претседател Башар ал-Асад од 28-ми јули, „сите кои земаа оружје во рацете, во рок од три месеца треба да им се предадат на властите и да ја минат процедурата за проверка во правосудните органи, за да се вратат во нормалниот живот“.

Во своето обраќање до своите сограѓани, Асад во директниот телевизиски пренос рече дека „сите Сиријци кои земале оружје в рацете треба да ја искористат оваа можност и да се вратат во прегратките на татковината“. „Неопходно е да се стави крај на насилството и целосно вклучување во процесот за обновување на земјата… Националното помирување е единствениот излез од она што се случува во Сирија“, порача во четвртокот Асад.

Според телевизијата al-Ihbariya, владините сили и сојузничките локални милиции ги продолжуваат операциите против остатоците од вооружените групи во северните и западните периферни делови на Алепо. Борби се водат во ел-Џамаија и Захрат Абд Рабо, како и во областа на кампот на палестинските беглаци Хандарат.

Од 17-ти јули во населбите кои беа под контрола на различните бунтовнички групи во Алепо, опколени се околу 250.000 жители кои немаат основни животни продукти. Поради тоа, сириската влада по иницијатива на нејзината сојузничка Русија откако беше отворен коридорот преку кој од обрачот можат да се извлечат цивилите и бунтовничките кои сакаат да го предадат оружјето, започна и хуманитарен конвој во чии намери изразија сомневање западните сојузници на сириската сунитска вооружена опозиција предводени од САД.

Финансиската престолнина на Сирија, која пред почетокот на војната во март 2011 година имаше 2,2 милиони жители, од 2012 година е поделена. Владините сили и ним сојузничките милиции контролираат малку помалку од две третини од Алепо, главно западните квартови, и последните месеци направија пробив кон источните кварт откако ги заземаа главните правци за снабдување на бунтовниците.

Повторното заземање на источните делови од Алепо за силите на владата во Дамаск ќе претставува голема победа и може да претставува крај на бунтовничката превласт во целата истоимена покраина која и онака беше ослабена со јакнењето на џихадистичките групи. Аналитичарите уште пред две години предвидуваат дека воспоставувањето на целосна контрола над Алепо ќе значи пресвртница во сириската војна во полза на владините сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија9 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија9 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија10 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија11 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија12 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија12 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет13 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија13 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет15 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет15 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион15 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет15 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа16 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет16 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....