Контакт

Вести

Да се прашува Трамп, Клинтон би била во затвор

Објавено пред

Во втората јавна дебата пред претседателските избори во САД кандидатите Хилари Клинтон и Доналд Трамп разменија низа обвинувања и се обидоа да ги оправдаат своите афери.

dobivaj vesti na viber

Трамп во ТВ дебатата беше приморан повторно да ги коментира снимките на кои се слуша како зборува дека допира жени по гениталиите без нивна дозвола, а Клинтон мораше да се изјасни за аферата со мејловите.„Снимките за мене беа зафрканција од соблекувална. И се извинувам на Америка и на моето семејство. Не сум горд на тоа, оно тоа што Бил Клинтон им го прави на жените е многу пострашно. Никој во историјата на Америка толку не злоставувал жени како Бил“, вели Трамп.Потенцира дека однесувањето на Клинтон кон жените било пострашно од неговото.„Кај мене се работи за зборови, а кај него за дилема“, порача Трамп на дебатата, пред која свика прес-конференција за новинари на која како што ги нарече, „неколку храбри жени“, тешко го обвинија Бил Клинтон. Меѓу нив беше и Хуанита Бродрик од Арканзас која изрече најтешки обвинувања, дека Клинтон ја силувал во 1978 година. Таа рече дека можеби „Трамп кажал некои лоши зборови, но Бил Клинтон ме силуваше, а Хилари Клинтон ми се закануваше. Мислам дека тоа не може да се спореди.“Хилари Клинтон, од друга страна, пак, рече дека Трамп наведува дека снимката го претставува во погрешно светло, но дека таа смета оти на сите и е јасно од она што го слушнале дека го претставува токму таков каков што е .„Слушнавме како навредува жени. Слушнавме како според нивниот физички изглед ги категоризира од еден до десет“, рече Клинтон. За електронската пошта на Клинтон и користењето приватен меил додека таа беше државен секретар, рече дека било грешка, но никаков доверлив материјал поради тоа не завршил во погрешни раце. Трамп рече дека ако биде избран ќе именува посебен тужител за да се спроведе истрага за Клинтон затоа што таа ја довела во прашање националната сигурност.„Добро е што некој со темпераментот на Доналд Трамп нее задолжен за спроведување на законот во нашата земја“, рече Клинтон, на што Трамп додаде: “Затоа што ќе бевте в затвор“.„Треба да се срамите“, рече Трамп, а Клинтон му одговори дека е во состојба на порекнување и занемарување на фактите дека речиси сите републиканци му го свртеле грбот. „Републиканците ве оставаат“, му рече Клинтон на Трамп. Таа рече дека и Русија управува со хакерски напади за да влијае врз изборите, со цел Трамп да победи, а бидејќи не знаат зошто та се прави, треба да побараат одговори. Трамп на тоа рече дека таа лаже, дека не го познава Путин, но дека би било добро САД да има добри односи со Русија, заедно да се борат против Исламска држава.Трамп и Клинтон се разидуваат и во ставовите околу мигрантите, тој сака екстремни контроли, а ја обвини Клинтон дека сака да го зголеми бројот на бегалци кои би дошле во САД за 550 отсто.Според него, тоа би бил најголем тројански коњ во историјата, затоа што тоа ќе значи да им се понуди дом на стотици илјади Сиријци за кои не знаат ништо.Таа не се сложува со тоа и вели дека не сака на никој да му ја скрати можноста да влезе во САД. Трамп остана на ставот дека мигрантите треба да се вратат во своите матични земји. Неодамна беше објавено дека републиканскиот кандидат за Белата куќа на легален начин можеби избегнувал да плаќа данок цели 18 години, на што Трамп рече дека брилијантно ги користел американските закони за да го намали данокот кој мора да се плати и додал дека тоа му овозможило да преживее на пазарот на недвижности.Тој и порача на Клинтон дека и сите нејзини пријатели ја користат таа одредба, но Клинтон смета дека тоа негово одбегнување на данокот ќе го зголеми данокот на луѓето од средната класа.За системот за здравствена заштита Трамп смета дека е катастрофален и дека сам ќе се распадне во 2017 година.Дебата се одржуваше на начин што дел од прашањата беа поставувани од модераторите, дел од публиката. Кандидатите можеа слободно да шетаат по сцената и да се обратат директно на оние кои ги поставуваат прашањата. На почетокот на дебатата Трамп и Клинтон не се поздравија, но тоа го направија на крај.Оваа дебата може да биде клучна за претседателската кампања, затоа што на Трамп му е потребен ветер во грб за да ја стигне Клинтон, која води на анкетите по првата дебата од 26 септември./крај/б/бб

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 час

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија7 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет8 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет8 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет8 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет8 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет9 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија21 час

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија23 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...