Контакт

Вести

Дејвид Бекам во филм на УНИЦЕФ за ставање крај на насилството врз децата

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Новиот филм со силна порака, во кој настапува амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам, започна да се прикажува денеска, за да ја илустрира бруталната реалност за физичката и психичката злоупотреба која може засекогаш да ги обележи децата.

 

Во новиот едноминутен филм на УНИЦЕФ, сцени од насилство врз децата се појавуваат како анимирани тетоважи на телото на Дејвид Бекам. Додека личните тетоважи на Бекам се белези избрани да претстават среќни или важни спомени, милиони деца носат белези кои не ги избрале: долготрајни лузни од насилство и злоупотреба. Анимациите во филмот ги прикажуваат сите пречести форми на насилство кои момчињата и девојчињата ги трпат на места каде што треба да се безбедни – дома, на училиште, на интернет и во заедницата.

 

„Кога започнав со мојата фондација наречена „7“со УНИЦЕФ, се обврзав да направам сè што можам за светот да стане побезбедно место за децата и да го кренам гласот за работите што имаат разорно влијание врз нивниот живот. Една од тие работи е насилството. Секои пет минути, по едно дете умира од насилство некаде во светот. Уште неколку милиони се во опасност од физичка, емоционална и сексуална злоупотреба што може засекогаш да им го уништи детството“, вели Бекам.

 

„Минатата година, со УНИЦЕФ ја посетив Камбоџа, каде што сретнав и слушнав деца кои раскажуваа за ужасното насилство што го доживеале. Бев шокиран од она што го чув и видов како насилството може да остави длабоки и трајни лузни. Ниедно дете не треба да го трпи тоа. Сепак, во сите делови од светот, дома, на училиште и на улица, децата трпат слично насилство. Се надевам дека овој нов проект ќе привлече внимание врз овој итен проблем и ќе инспирира акција. Насилството врз децата е погрешно и заедно треба да му ставиме крај“, додаде тој.

 

Со помош на У-извештајот, алатка за пораки што им овозможува на младите да известуваат за прашања што го засегаат нивниот живот, Дејвид Бекам ги покани младите да одговорат на прашања за насилството врз децата.

 

Одговорија повеќе од 190 илјади „У-репортери“ од 22 земји, а две третини од нив изјавија дека лично доживеале физичко или вербално насилство, или дека познаваат некого што доживеал. На прашањето кој сметаат дека најчесто врши насилство, една третина одговорија дека тоа е полицијата или органите за спроведување на законот, 29 отсто рекоа дека тоа се нивните врсници, 28 отсто се изјаснија дека тоа е родителот или старателот, а 9 отсто ги посочија наставниците.

 

Околу 80 илјади У-репортери дадоа предлози за она што може да се направи за решавање на насилството во нивните заедници. 24-годишниот У-репортер од Филипините рече:„Ќе го кренам гласот за да ме чујат и да ги предупредам сите луѓе околу мене за она што се случува, и ќе побарам некој да помогне за да се стави крај, ако не можам сам да го направам тоа.“

 

Трагичните последици од насилството ги засегаат сите аспекти од животот на детето и може да се пренесуваат од генерација на генерација. Насилството врз децата носи сериозни трошоци за сите општества во секој регион на светот.

 

„Насилството и злоупотребата земаат ужасен данок на животот и иднината на децата – повредувајќи го нивното тело, поткопувајќи ја нивната емоционална благосостојба, па дури и попречувајќи го здравиот развој на нивниот мозок“, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. „Кога ги штитиме децата од насилство, спречуваме лични трагедии – и промовираме посилни, постабилни општества. Благодарение на моќните заговорници како Дејвид Бекам, и поткрепени со гласот на самите деца и млади, ние градиме импулс за ставање крај на насилството врз децата насекаде“, потенцира тој.

 

Насилството не е неизбежно. УНИЦЕФ укажува на седум докажани стратегии кои може да помогнат за искоренување на насилството врз децата. Тие се: јакнење на ставовите со кои се поддржува ненасилство; спроведување на законите; создавање безбедна средина за децата; поддршка на родителите и старателите; зголемување на семејните приходи за намалување на сиромаштијата; зајакнување на социјалните услуги и опремување на децата со животни вештини.

 

По 10 години како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам го започна 7: Дејвид Бекам-Фонд на УНИЦЕФ во февруари 2015 година, заложувајќи се за помагање на најзагрозените деца во светот. Подоцна истата година, Бекам ја посети Камбоџа, каде сретна деца кои претрпеле насилство и злоупотреба. Трогнат од приказните што ги слушна, Бекам потоа беше во Обединетите нации и ги повика светските лидери да ги стават децата, особено најобесправените, во центарот на новите Цели за одржлив развој./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет2 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет2 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет4 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет6 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија8 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет10 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет11 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет16 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет19 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет20 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет20 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет21 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет21 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет21 час

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија22 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет22 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет22 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет1 ден

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија1 ден

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...