Контакт

Вести

Дел Понте смета дека руските удари во Сирија се добра работа

Објавено пред

Поранешната главна обвинителка за воени злосторства Карла Дел Понте која моментално за Обединетите нации води истрага во Сирија, во понеделникот изрази задоволство поради руските воздушни удари врз терористичките групи во оваа земја, откако претходно изјави дека барањата за отстапување на сирискиот претседател Башар ал-Асад до почетокот на преговорите ја попречуваат борбата против тероризмот.

dobivaj vesti na viber

„Воопшто мислам дека руската интервенција е добра, бидејќи конечно некој ги напаѓа тие терористички групи Даеш (арапскиот акронима за екстремната сунитска група Исламска држава), Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Аал Каеда) и сите нив“, изјави Карла Дел Понте за швајцарската јавна телевизија RTS.

Дел Понте, којашто е членка на истражната комисија на ОН за Сирија, заедно со Паулу Сержу Пињеиро, Карен Абузејд и Витит Мунтарбхорн, додаде „Секако, по она што го знаеме, тие (Русите) не ги разликуваат премногу терористите од оние другите и тоа веќе не е толку добро“.

Нејзините изјави доаѓаат во моментот кога многумина на Западот, кој ја поддржува вооружената опозиција во Сирија, ја обвинуваат Русија дека е делумно одговорна за неуспехот на преговорите кои минатата седмица требаше да започнат за пронаоѓање на петгодишната војна во Сирија, која од бунт во март 2011 година се претвори во меѓуконфесионална војна во која најголема полза за сопствено етаблирање имаа екстремните џихадистички групи.

Русија, од 30-ти септември на барањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, започна кампања на воздушните удари врз цели на организацијата Исламска држава и другите џихадистички групи. Но Западот, кој ваква воздушна кампања во Сирија изведува повеќе од 18 месеци без никаква координација со владата во Дамаск, ја обвинува Москва дека ги напаѓа и „умерените“ групи кои сакаат да го соборат Асад кои ги помага и дека во нејзините напади наводно гинеле цивил. Тоа Русија го оценува како „апсурдно“ и бара докази, а потсетува и дека бараа од САД, кои ја предводат меѓународната коалиција која изведува воздушни удари, да се координираат за позициите кои ги сметаат за опозициски, но дека таквиот договор изостанал.

Карла Дел Понте, којашто беше главна обвинителка на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, а претходно работеше на злосторствата сторени во Руанда, претходно во неделата во интервју за швајцарскиот весник La Liberté исто така оцени дека „Победата над тероризмот во Сирија бара заеднички напори на меѓународната заедница и на официјален Дамаск“, и истовремено дека „барањата за повлекување на актуелниот претседател Асад уште пред почетокот на какви и да се преговори ја блокираа таквата можност“.

„Би било идеално доколку државите (од коалицијата) би ги уништиле терористичките групи заедно со сириската влада. Но тоа е невозможни, бидејќи повеќето дражви инсистираат на повлекување на Асад до почеток на какви и да се преговори. Меѓутоа, луѓето умираат, и се случува целосно разурнување на земјата“, рече за La Liberté Дел Понте, која ја претставува организацијата која е формирана во 2011 година од Советот за човекови права на ОН.

Додава дека е подготвена да соработува со сириската влада во истрагата за можните нарушувања на човековите права. „Бев повикана таму (во Сирија) лично, на што комисијата (за разгледување на можните злосторства и кршење на човековите права) првично даде негативен одговор. Кон крајот на 2015-та комисијата даде зелено светло. Сега чекам одговор од Дамаск. Од своја страна јас сум подготвена да заминам“, вели Дел Понте за списанието.

„Доколку сакаме примирје, доколку сакаме мир, во прв ред мораме да преговараме со владата“, појасни во понеделникот вечерта Дел Понте за RTS, наведувајќи го примерот на поранешниот српски челник Слободан Милошевиќ, кој почина во текот на судењето во Хаг во 2006 година, „Милошевиќ веќе беше под истрага кога Американците во Дејтон преговараа со него и посригнаа мир“ во 1995 година, потсети./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 час

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа2 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет2 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија9 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија13 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија14 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија15 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија15 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија20 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија21 час

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија22 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија23 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија23 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија23 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија23 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија24 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет1 ден

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа1 ден

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...