Контакт

Вести

Десетици Палестинци уапсени по нападот во Ерусалим

Објавено пред

Израелските сили уапсија десетици Палестинци во источниот дел на Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за окупирана и анектирана од Израел палестинска територија, по нападот од неделата во кој Палестинец уби двајца Израелци пред и самиот да биде убиен, соопштија во понеделникот израелските власти.

dobivaj vesti na viber

Вкупно 31 Палестинец кој во неделата попладнето сакал да учествува во одавањето почит на сторителот на нападот, како и членови од неговото семејство, се приведени во источен Ерусалим, соопшти министерот за внатрешна безбедност на Израел, Гилад Ердан за военото радио.

Уште петнаесет Палестинци се уапсени за фрлање камења врз припадниците на израелските безбедносни сили во неколку населби на источен Ерусалим, соопшти портпаролката на полицијата Луба Самри.

Апсењата следеа по нападот во кој 39-годишниот Палестинец Мисбах Аби Сбех од источен Ерусалим отворил оган на три места во Ерусалим, усмртувајќи ја 60-годишната пензионерка Јосефа Кирма и 29-годиѓен полицаец, ранувајќи притоа уште пет лица. Напаѓачот, кого го убиле полицајците, бил вооружен со автомат „М16“ кој го користи израелската војска, пишуваат медиумите./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 часа

Две деца, момче и девојче донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар

Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар....

Топ17 часа

Тешка сообраќајка на „Илинденска“ во Скопје, возач со автомобил удри во канделабра

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра. Како што информираат од МВР синоќа во 23:30...

Македонија19 часа

Зимските ски-центри под лупа на АХВ, утврдени се неправилности кај еден оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските...

Свет19 часа

(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво

По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел....

Македонија20 часа

Маглата направи проблеми во авионскиот сообраќај, се откажуваат и пренасочуваат летови

Скопскиот аеродром се соочи со значителни проблеми во авионскиот сообраќај во последните 24 часа, а причина за тоа е густа...

Македонија21 час

Ја следел додека пазарела во трговски центар во Скопје, па се обидел да ја силува

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна...

Македонија1 ден

Клековски: Не сум виновен за хаосот што го остави СДСМ, нема да поднесам оставка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањето на СДСМ,...

Македонија1 ден

Хаос на скопскиот аеродром, авиони се враќаат, маглата ги блокира летовите

Попладнево, поради густа магла, повторно се соочуваме со пореметувања на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Неколку летови се откажани, а...

Топ2 дена

(Фото) Уапсени двајца полицајци во Битола, кај нив се најдени тајни документи, оружје и 20.000 евра

Полицајци од СВР Битола, Б.Б. (чиј дом беше претресен) и Љ.К. (кој направил проверки за министерот Панче Тошковски), се уапсени...

Топ2 дена

76-годишен затвореник пронајден мртов во ќелија во Идризово

76-годишниот осуденик Б.Р. од Скопје бил пронајден починат во затворот Идризово. Вчера околу 18:22 часот во СВР Скопје од страна...

Свет2 дена

Трамп издаде итна наредба за две работи, веднаш стапуваат на сила

Министерството за внатрешни работи на САД соопшти дека Мексиканскиот Залив е официјално преименуван во Американскиот Залив, додека планината Денали сега...

Македонија2 дена

Лефков бара одговорност за мафијата на смртта предводена од Филипче

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од владејачката коалиција, остро го критикува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, за...

Скопје2 дена

(Фото) Изгоре автобус на ЈСП во Сопиште, патниците се спасиле во последен момент

Еден од украинските автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) со број 58 се запалил денеска во Општина Сопиште. Според сведочењата...

Топ2 дена

Скандал во охридската болница, ја тепала колешката пред пациенти

Во Општата болница во Охрид вчера се случи несекојдневен инцидент што ја вознемири јавноста. Околу 13:25 часот, полицијата добила пријава...

Економија2 дена

„Стандард и Пурс“ потврди, кредитниот рејтинг на Македонија задржан со стабилни изгледи

Македонија доби потврда од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Овој позитивен извештај...

Свет2 дена

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Една елитна ескорт дама откри што се случува зад затворени врати во Давос за време на Светскиот економски форум, вклучувајќи...

Македонија2 дена

15-годишник возел автомобил полн со оружје, таткото заработи кривична пријава

Оружје било пронајдено во автомобил што го управувал малолетник кој овој месец наполнил 15 години, откако било запрен од полицијата...

Свет2 дена

(Видео) Семејно насилство, алкохол и котроверзии! Пит Хегсет е новиот министер за одбрана на САД

Пит Хегсет е избран за министер за одбрана на САД со тесно мнозинство, откако Сенатот не успеа да донесе конечна...

Македонија2 дена

Магла наутро, сонце попладне, УХМР открива што нè очекува следните денови

Времето денеска во Македонија ќе биде претпладне магловито по одделни котлини, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време...

Топ2 дена

Еден загинат во сообраќајна незгода кај Крива Паланка: возилото излетало од пат и се превртело

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кога автомобилот „фолксваген голф“ излетал...