Вести
Девет мртви во американскиот напад врз болницата во Кундуз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/kunduz20avga.jpg)
Американската армија во саботата потврди дека можеби во авганистанскиот град Кундуз кој беше во рацете на талибаните од воздух ја бомбардирала болницата со којашто управува меѓународната невладина организација Лекари без граници (MSF), при што се убиени најмалку девет а ранети се 37 луѓе.
Овој инцидент би можел да повторно да ја поттикне загриженоста во врска со користењето на американските воздушни сили во Авганистан, од чии напади во изминатите 14 години загинаа илјадници цивили што доведуваше до жестоки протести на локалното население, на што предупреди и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи.
Американските воздушни сили го извеле нападот во Кундуз во 2.15 часот по локално време во саботата, потврди претходно портпаролот на НАТО, Брајан Рибас, додавајќи дека цел биле „лица кои претставувале закана на коалициските сили“. „Воздушниот напад можеби резултирал со колатерална штета врз блиската медицинска установа. Истрагата е во тек“, беше последната изјава за медиумите од портпаролот на НАТО.
И натаму останува непозната судбината на повеќето од 105 пациенти и 80 вработени во болницата, Авганистанци и странци., колку што се наоѓале во болницата во моментот во нападот, чиј оддел за трауматологија бил целосно уништен.
Од Лекари без граници, исто така, додадоа дека во текот на воздушниот напад болницата била погодена неколку пати. „Шокирани сме од нападот, од убиствата на нашиот персонал и пациенти, како и со ударот кој со овој напад го претрпи медицинскиот систем во Кундуз“, изјави претставникот на организацијата, Барт Јансен.
Портпаролот на авганистанските талибани, Забиула Муџахид изјави во порака до агенциите дека американските сили ја гаѓале болницата, и усмртиле лекари, медицински сестри и пациент. Ниеден талибански борец не се наоѓал во болницата, додал.
Муџахид тврди дека талибанските борци сé уште се во градот и ја имаат контролата, но сепак други талибански извори за локалните медиуми рекле дека нивните борци почнале со повлекување од Кундуз.
Американските сили изминатите денови изведоа неколку воздушни напади во Кундуз за да им помогнат на силите на авганистанската влада под своја контрола да го вратат овој важен стратешки град кој талибаните го освоија минатата седмица. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.