Контакт

Вести

Џихади Џон – лондонски муслиман компјутерски програмер

Објавено пред

„Џихади Џон“, маскираниот џихадист кој е еден од главните ликови на видео снимките на кои припадници на Исламската држава ги обезглавуваат заложниците, е Мохамад Емвази, Британец роден во Кувајт, кои потекнува од богато семејство, кои израснал во Лондон и дипломирал компјутерско програмирање, пишуваат повторно во четвртокот британските и американски медиуми.

dobivaj vesti na viber

На видео снимките коишто ги објавува Исламската држава, џихадистот облечен целосно во црна облека, која мавта со нож и зборува со британски акцент, според лингвистите типичен за жителите од западен Лондон, е еден од оние коишто ги обезглавуваа многуте заложници од САД, Велика Британија, Сирија и други земји.

Името Џон му го дале заложниците, бидејќи него и другите британски државјани во редовите на Исламската држава и нарекле „битлси“. Едниот од џихадистите од Велика Британија, е идентификуван како Џорџ.

Американскиот дневен весник The Washington Post наведува дека Емвази, кој на снимките му се заканува на Западот и на неговите политички лидери, околу 2012 година отпатувал во Сирија, каде што им се приклучил на џихадистите. „Пријателите и други лица запознаени со овој случај тврдат дека се вика Мохамад Емвази, Британец кој израснал во западен Лондон и се стекнал со факултетска диплома од програмирање“, пишува весникот. „Воопшто не се сомневам дека Мохамад е ‘Џихади Џон’. Ми беше како брат… Сигурен сум дека тоа е тој“, го цитиран весникот еден од најблиските пријатели на Емзави.

Неговиот идентитет засега се’ уште не е потврден официјално, бидејќи на лондонските адреси на коишто е пријавен немало никого, пишува Reuters. Меѓутоа, лондонскиот Меѓународен центар за проучување на радикализирањето наведе дека верува дека деталниот текст на The Washington Post е точен.

Во посочениот текст се наведува дека Емвази тврдел дека припадниците на тајната британска служба MI5 се обиделе да го регрутираат. Потоа наводно се обидел да отпатува во Кувајт, но на заминување го задржале припадниците на британските тајни агенции за борба против тероризмот во 2010 година. Му било забрането да ја напушти земјата, меѓутоа конечно во 2012 година, сепак, изнашол начин да отпатува во Сирија.

Откако во август 2014 година се појавија видео снимките на кои маскиран маж на англиски јазик испраќа гневни и заканувачки пораки во прв ред на САД, а потоа надвор од кадарот, според се’ судејќи му ја отсекува главата на американскиот новинар Џејмс Фоли, а потоа слична снимка се појави и со вториот егзекутиран американски новинар, Стивен Сетлоф, Џихади Џон стана една од најбараните лица на светот.

Во видео поставено на интернет припадник на Исламската држава кој се претстави како „Џон“, и според лингвистите заканите за САД ги упати на англиски јазик со акцент типичен за јужна Англија, му ја отсече главата на американскиот новинар Џејмс Фоли кој снимаше видео материјали за агенцијата AFP од конфликтот во Сирија. Истотот на видоеснимката до погубувањето на Стивен Сотлоф постојано му се закануваше на американскиот претседател Барак Обама доколку ги продолжи нападите врз џихадистите во Ирак.

„Се враќам Обама, се враќам поради твојата дрска надворешна политика кон Исламската држава“, изјави маскираниот маж на видеоснимката од погубувањето на Сотлоф, по што се закани со егзекуција на уште еден заложник, Бртианецот Дејвидт Коуторн Хејнс, хуманитарен активист. Тој на ист начин беше свирепо убиен според видеоснимката објавена на 13-ти септември.

Британските и американските разузнавачки служби добија наредби да откријат каде се наоѓа маскираниот маж кој стана симбол на бруталноста на Исламската држава. Со различни техники на испитувања му влегле во трагата, но безбедносните и разузнавачки агенции да не го објавуваат неговото вистинско име од оперативни причини.

Британската влада и полицијата информациите за идентитетот на Џихади Џон не сакале ниту да ги потврдат, ниту ги демантирале, со појаснување дека во тек е антитерористичка операција.

„Ниту го потврдуваме, ниту и негираме работите кои се однесуваат на разузнавачките активности. Нема да навлегувам во поединости на полициската и безбедносна истрага која е во тек“, рекла портпаролката на британскиот премиер Дејвид Камерон. „Штом ги видовме грозните акти кои ги извршуваат терористите, рековме дека сме сосема решени извршителите да ги изведеме пред суд и безбедносните служби напорно работат на тоа и тоа сакаме да го постигнеме“, додала.

Британскиот амбасадор во Вашингтон изјави кон крајот на ланскиот август дека идентификацијата на убиецот на американскиот новинар е при крај. Лондонскиот магазин The Times тоаш пишуваше дека експертите на британското разузнавање од агенциите MI5 и MI6 го идентификувале припадникот на џихадистичкото движење Исламска држава кој во Ирак пред видео камера му ја отсече главата на американскиот новинар Џејмс Фоли.

Британските медиуми пишуваа дека кругот осомничени е сведен на три лица за кои се знае дека го напуштиле Лондон и им се придружиле на радикалните сунитски исламисти познати како „The Beatles“, а The Times објави дека споменатите британски разузнавачки служби и Скотланд јард, помогнати со поголем тим од американското Федерално биро за истраги (FBI) кој допатува во Лондон, како „клучен осомничен“ за свирепото убиство го означиле Абдел-Маџед Абдел Бари.

Овој 23-годишник, кој порано бил познат рап изведувач под името Џин Матик, чија музика често била емитувана на британското BBC Radio 1, пред една година живеел во луксузна вила во западен Лондон чија вредност е проценета на милион фунти. Изјавувајќи дека „остава сѐ поради Алах“ тој меѓу радикалите е познат како „Џихади Џон“, а лицето кое го обезглавува новинарот Фоли на снимката исто така се претставува како „Џон“, пишуваа минатата година британските медиуми. Абдел Бари, инаку, претходно повеќепати на Twitter објавувал за своите „воени подвизи“, а лани на микроблогот објавил и своја фотографија на којашто во рацете држи отсечена глава на сириски војник./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет5 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија5 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет5 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет7 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет7 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија21 час

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија23 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет1 ден

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...