Вести
Џихадистите егзекутирале 175 работници киднапирани крај Дамаск
Припадниците на радикалната сунитска организација Исламска држава погубиле 175 луѓе, кои беа грабнати во четвртокот во близина на сириската престолнина Дамаск, соопштија во петокот безбедносни извори.
Сириската државна новинска агенција SANA, претходно објави повикувајќи се на извори во министерството за индустрија дека џихадистите во североисточниот дел од областа Абу ап-Шамат во заложништво земале повеќе од 300 работници и изведувачи на компанијата „al-Badiyeh Cement Company“.
Од компанијата претходно објавија дека не можеле да контактираат со ниту едно од грабнатите лица, а сириските безбедносни сили соопштија дека се обидуваат да го откријат местото на кое џихадистите во заложништво ги чуваат работниците.
Надим Крејзан, локален функционер назначен за помирување во областа Џејруд меѓу завојуваните фракции во Сирија, телефонски изјавил за SANA дека локалните жители биле очевидци дека најмалку 125 од киднапираните работници биле пренесувани со возила на џихадистите кон Тал Даквех крај Источна Гута, сунитско предградие на главниот град Дамаск каде терористичките групи поврзани со Исламската држава сé уште имаат утврдени позиции.
Во петокот неименуван извор за агенцијата Sputnik рекол дека има попрецизни сознанија оти терористите од Исламската држава ја нападнале фабриката на споменатата компанија во средата. Во погоните во тој момент имало околу 250 работници, а најмалку 75 од нив успеале да избегаат. Како што изјавиле некои од нив подоцна, сунитските исламисти нив ги ослободиле а другите ги погубиле поради нивната верска припадност.
Исламската држава често прибегнува кон масовните јавни егзекуции како мерка на застрашување и одмазда кон локалното населени, особено откако започна да ги губи големите територии кои ги контролираше во Сирија и во соседен Ирак. Така, во јануари годинава беше јавено дека 280 цивили биле погубени во сириски Деир Езор. Во Мосул, пак, ирачките сунитски џихадисти во масовни егзекуции изминатите речиси две години погубиле околу четири илјади луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.