Контакт

Вести

Џихадистите сакаат од Кобани да се пробијат до турската граница

Објавено пред

Џихадистите од Исламска држава (IS) се обидуваат во петокот да ги потиснат курдските сили од северниот сириски град Кобани (Ајин ал-Араб, на арапски) и да се пробијат до граничниот премин кон Турција, во периодот кога се интензивираат повиците на Вашингтон до Анкара да интервенира.
 

dobivaj vesti na viber

Џихадистите од Исламска држава (IS) се обидуваат во петокот да ги потиснат курдските сили од северниот сириски град Кобани (Ајин ал-Араб, на арапски) и да се пробијат до граничниот премин кон Турција, во периодот кога се интензивираат повиците на Вашингтон до Анкара да интервенира.

 

Исламската држава напредува во Кобани, третиот по големина курдски град во Сирија, кој стана симбол, на отпорот во регионот кон оваа ултрарадикална исламистичка која е обвинета за најсвирепите и брутални масовни погубувања, силувања и киднапирања во Сирија и во Ирак, и покрај воздушните удари врз нивните позиции на приодите од градот од страна на коалицијата предводена од САД.

Повеќе од три седмици од почетокот на офанзивата врз овој стратешки град на самата граница во северна Сирија кој џихадистите го напаѓаат од југ, исток и од запад, Исламската држава контролира најмалку третина од градот и се обидува да продре до неговата северна граница, на само километар од турската граница.

„Сакаат по секоја цена да се пробијат до граничниот премин со Турција држејќи го во опкружување северниот дек од градот“, изјави Рахман Абдулрахман, директорот на опозициската на претседателот Башар ал-Асад, Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон. Меѓутоа, за да го сторат тоа, според него, треба да ја заземат „безбедносната зона“ во која е главниот штаб на курдските сили кои во петокот жестоко беше бранет, а според непотврдени информации тој е веќе во рацете на џихадистите. „Борбите се водат источно и југоисточно од таа зона“, рекол Абдулрахман.

Во четвртокот Исламската држава ја зазема зградата на курдските милиции и секторот и нејзините борци се вкопаа на тие позиции.

Агенцијата AFP јави дека на турската граница се слушала престрелка од автоматско оружје и од минофрлачи, а густ чад се издигал над југозападните населби на Кобане. SOHR соопшти дека авионите на коалицијата во петокот наутро го гаѓале источниот дел од градот, по нападот на џихадистите врз јужните и источните предградија во текот на ноќта.

Борците на Исламската држава се побројни и подобро вооружени од курдската милиција, Единица за народна одбрана (YPG) коишто засега сметаат само на своите луѓе. Доколку џихадистите го освојат Кобане, ќе си обезбедат контрола над долг појас покрај сириско-турската граница.

Од почетокот на џихадистичката офанзива на 16-ти септември, загинале речиси 500 луѓе, главно борци, а најмалку 70 села се во рацете на Исламската држава. Покрај, тоа околу три илјади жители ја напуштија областа, од кои речиси двесте илјади пребегнаа во Турција.

САД последните денови ги засилија нападите на Кобани и околината, но признаа дека тие нема да бидат доволни за да се одбрани градот и ја повикаа Турција повеќе да учествува во борбата со Исламската држава којашто се заканува на нејзината граница. Иако турскиот парламент ја одобри воената операција во Сирија и во Ирак, владата го одложува испраќањето на војските.

Американски воен тим следната во Анкара ќе води разговори со турски воени функционери за евентуална операција. Воспоставување на тампон зона којашто би ги штитела секторите кои се во рацете на сунитските сириски бунтовници коишто Западот и другите сунитска арапски земји, вклучително и Турција, ги означуваат како „умерени“ и го поддржуваат од март 2011 година кога ја започнаа граѓанската војна против шиитскиот претседател Башар ал-Асад,е условот Анкара да се вмеша во војната против џихадистите. Но тој предлог не наоѓа големо одушевување ниту во Бе3лата куќа, ниту во НАТО./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет1 час

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет2 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет3 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа3 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет3 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет8 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет9 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет10 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија13 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет13 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет14 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет16 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет20 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија22 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет23 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...