Вести
Џихадистите во Ирак ги гранатирале курдските борци со проектили со хлор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/kurdi20irak.jpg)
Единици џихадистичката групација Исламска држава во борбите во Ирачки Курдистан против курдските борци „пешмерги“ употребиле гранати со хлор, при што настрадале неколку борци, соопшти во понеделникот сајтот на Патриотската унија на Курдистан.
„Исламската држава ги нападна ‘пешмергите’ во близина на селото Абу-Шит во областа на ал-Кувејр, 50-ина километри југоисточно од Мосул во покраината Нинева. Милитантите истрелаа 12 ракети полни со хемикалии“, го цитира сајтот воениот претставник на курдските борци. Во нападот настрадале шест борци на „пешмергите“.
Речиси истовремено, според Патриотската унија на Курдистан, исламистите користеле гранати исполнети со хлор и во областа на селото Башир во покраината Киркук. Според курдските извори, неколку борци биле повредени, и кај нив е забележано тешко нарушување на дишењето.
Претходно седмицава ирачките медиуми објавија дека екстремната сунитска група Исламска држава, која веќе две години контролира големи области од Ирак, започнала со производство на проектили полни со хлор и друго хемиско оружје во лабораторијата на универзитетот во Мосул.
Ирачки Курдистан е автономна покраина во северен Ирак, која овој статус го стекна во 1990-те години. Автономијата има своја влада, парламент и претседател, како и вооружени сили наречени „пешмерги“, или во превод од курдски „оние кои ѝ гледаат на смртта в лице“, чија бројност се проценува на околу 120 илјади борци.
Во Ирачки Курдистан традиционално силни се две политички струи, Патриотската унија на Курдистан и Демократските сили на Курдистан, чија нетрпеливост се претвори во граѓанска војна од 1994 до 1998 година. Неофицијално сите баталјони на „пешмергите“ сé уште се поделени меѓу двете политички струи, иако имаат единствена команда. Од 2014 година „пешмергите“ се покажаа како најуспешната сила којашто се справува со џихадистите на Исламската држава на теренот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.