Вести
Добрите страни на потрагата по AirAsia

Една година од потрагата по авионот на Malaysia Airlines познат како „Лет MH370“, се уште не се пронајдени остатоците и телата на исчезнатите 239 патници и членови на посадата, но благодарение на неа сега сме свесни за некои локации и откритија кои не би биле можни.
Една година од потрагата по авионот на Malaysia Airlines познат како „Лет MH370“, се уште не се пронајдени остатоците и телата на исчезнатите 239 патници и членови на посадата, но благодарение на неа сега сме свесни за некои локации и откритија кои не би биле можни.
Научниците и истражувачите го прегледуваат морското дно на Индискиот Океан, поточно неговиот дел западно од Австралискиот брег.
Поранешните мапи на дното прикажуваа само проценети длабочини, но сега, благодарение на сонарните прегледи, направени се мапи од до сега непознати морски бездна и планини кои се повисоки од секоја на австралискиот континент.
Австралискиот геолог Стјуарт Минчин, тврди дека со детален преглед на новонастанатите мапи ќе се препознаат подрачја подложни на одрони за време на земјотреси, а придонесуваат за стварање разорни цунамиа.
Од друга страна, следејќи ги формациите на морското дно, геолозите ќе може да ја „прочитаат“ историјата на тектонските плочи и начинот и насоката на одвојувањето на Австралија од останатите континенти.
Познавајќи ја топографијата на морското дно, научниците ќе може да ги предвидат морските струи, а тоа знаење значително може да ја олесни потрагата по исчезнати бродови и предвидување на нивната локација. Познавањето на струите помага и во разбирањето на морскиот свет на животни.
Дефинитвно е јасно, по овој случај, дека на авионите им треба подобар систем за лоцирање, па дури и на авионите кои летаат само над копно. Меѓународната организација на цивилна авијација под Обединетите нации предложи авиопревозниците на секои 15 минути да ги обновуваат податоците за позицијата на своите авиони, а имплементација на тој предлог се очекува во ноември 2016 година.
По 2020 година може да очекуваме фреквентни објаснувања доколку авионот направи изненаден потег како што е елевација или промена на насоката како и во случај на пожар.
Откако неодамна исчезна авион на AirAsia, потрагата беше организирана многу побрзо и поефикасно благодарение на искуството од потрагата по MH 370. Летот 8501 се урна в море и загинаа 162 патници и членови на посадата, а остатоците од авионот и телата беа пронајдени за два дена.
Потрагата по малезискиот авион укажа на многу недостатоци во сателитските фотографии кои во иднина ќе бидат подобрени со зголемување на квалитетот и јачината на самите камери во орбитата.
Комерцијалните сателити не се предодредени да пребаруваат остатоци од авиони или бродови во морињата, а фотографиите кои настанаа со скенирање на огромно подрачје на Индискиот Океан беа со многу лош квалитет./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.