Вести
Доналд Трамп во трката за републиканска номинација

Познатиот американски мултимилијардер Доналд Трамп во вторникот ја најави својата кандидатура за претседателските избори 2016., а неговото прво обраќање беше преполно со самопофалби, навредливи изјави и напади на партиските колеги и на администрацијата на претседателот Барак Обама.
„Јас ќе бидам најголемиот претседател што Господ некогаш го создал кога е во прашање креиањето на нови работни места“, рече Трамп (69) во својот облакодер на Менхетен на почетокот на кампањата за републиканска коминација.
Користејќи многу провокативен речник, милијардер кого малкумина го гледаат како сериозен кандидат за освојување на претседателската номинација, го обвини Мексико дека во САД праќа силувачи и останати криминалци.
„Ни испраќаат луѓе кои имаат големи проблеми и тиа своите проблеми ги носат тука. Донесуваат дрога, криминал, тоа се силувачи, иако претпоставувам дека има и добри луѓе“, рече Трамп.
За номинација за следните претседателски избори ќе се натпреваруват невообичаено голем број републикански кандидати, со оглед дека до пред Трамп, се пријавија дури 11.
Фалејќи се со лично богатство од 8,7 милијарди долари, Трамп се осврна на наводната слаба писменост на Џеб Буш, син и брат на двајца поранешни американски претседатели, кој својата кампања ја започна во понеделникот.
Трамп размислуваше за кандидатура и на неколку претходни избори, но секогаш се откажуваше. Анкетите му предвидуваат едно од последните места меѓу републиканците кои се во трка за номинацијата, а покрај тоа има и негативна слика во американската јавност, во која над половината изјавуваат дека никогаш не би помислиле да гласаат за него. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.