Контакт

Вести

Дополнителни илјада полицајци по 500-те убиства во Чикаго

Објавено пред

Неспособни да го запрат рекордниот пораст на убиствата, градските власти на американската метропола Чикаго ќе добијат дополнителни илјада полицајци во следните две години, и покрај буџетските тешкотии со кои се соочува третиот по големина град во САД.

dobivaj vesti na viber

Официјалното објавување на масовното регрутирање на нови вкупно 970 полицајци, му припадна на Еди Џонсон, неодамна именуван на чело на полицискиот оддел на Чикаго – Chicago Police Department (CPD).

Градот во 2016 година веќе регистрирал повеќе од 500 убиства, што е повеќе отколку Лос Анџелес и Њујорк заедно, двата најголеми града во САД. Истовремено, поразително е сознанието дека само 30 до 40 отсто од случаите на убиство се решаваат во Чикаго.

„Добро ја разгледав ситуацијата и мислам дека тоа е она што ни е потребно за Чикаго да биде посигурно. Тоа ќе чини, но безбедноста на овој град нема цена“, изјави Џонсон, црнец кој на челното место во одделот доаѓа од локалните сили за одржување на редот кој има и тешка задача да најде одговор на обвинувањата за бруталноста и расизмот насочен против неговите полицајци.

Џонсон притоа не наведе како овие дополнителни полициски сили ќе бидат финансирани. Чикаго во моментов располага со 12.000 полицајци, често ангажирани надвор од работното време, бидејќи градот е зафатен од исклучително крвавата војна на бандите.

„Прекувремените часови не се долгорочно решение“, појасни Кристин Кол од Институтот за злосторства и правосудство. Според неа, постои консензус меѓу полициските експерти околу фактот дека Чикаго има недостиг од полициски сили./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани. Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос...

Македонија18 минути

(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели...

Македонија1 час

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е...

Македонија2 часа

По седум години, повторно се отвори етнокомплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место,...

Македонија3 часа

Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат вакви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта при изведба на градежни работи во близина на кампот...

Македонија4 часа

Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и...

Македонија5 часа

Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Ова се случува...

Свет6 часа

Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми...

Свет6 часа

(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад...

Економија6 часа

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон...

Македонија16 часа

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ20 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија21 час

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет22 часа

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија23 часа

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија1 ден

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија1 ден

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...

Македонија1 ден

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет1 ден

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија1 ден

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...