Контакт

Вести

Два палестински напада во Ерусалим

Објавено пред

Еден Палестинец во понеделникот во Ерусалим уби Израелец и со багер преврти автобус, додека во друг инцидент вооружен напаѓач ранил израелски војник.
 

dobivaj vesti na viber

Еден Палестинец во понеделникот во Ерусалим уби Израелец и со багер преврти автобус, додека во друг инцидент вооружен напаѓач ранил израелски војник.

 

Во превртениот автобус немало патници. Снимките од надзорните камери покажуваат како багерот го турка автобусот кој се превртува на едната страна. Полицијата го идентификувала возачот на багерот како Палестинец од источен Ерусалим и го карактеризираше нападот како терористички чин. Палестинецот е убиен и телевизиските снимки покажуваат како од кабината на багерот виси неговото безживотно тело.

Неколку часа подоцна, вооружен напаѓач отворил оган врз војник, ранувајќи го во близина на Еврејскиот универзитет во Ерусалим. Полицијата соопшти дека напаѓачот на мотоцикл успеал да побегне. „Веруваме дека станува збор за терористички напад“, изјави Јоси Париенти, полициски началник во Ерусалим, пренесе AFP.

Засега никој на ја презема одговорноста за нападите од понеделник во досега релативно мирниот источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од страна на Израел. Палестинците го сметаат Ерусалим за главен град на нивната идна држава, додека Израел ја отфрла идејата за главен град на две држави и го сметаат за единствена и неделива историска престолнина на еврејската држава.

Портпаролот на исламистичкото движење Хамас кое управува со другата палестинска енклава Појасот Газа каде што израелската армија против него од 8-ми јули започна голема офанзива, изрази одушевување од „херојските и храбри операции во Ерусалим кои се природна реакција на злосторствата и масакрите на нашиот народ во Газа“./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Штрајк и тужби за државата се можни доколку Владата не го продолжи дијалогот со административците, кои бараат 30 отсто поголема плата

Вработените во неколку министерства и државни институции, кои и денес, четврти ден по ред, излегоа на протест за 30 отсто...

Македонија4 часа

Починаа две новороденчиња близначиња: трагедија во Прилепско

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од...

Топ5 часа

Обвинение против 10 лица, членови на организираната криминална група, за посредување при проституција, перење пари и трговија со дрога

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во...

Европа5 часа

(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци

Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет...

Македонија5 часа

Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се избираа во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски...

Македонија6 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5...

Регион6 часа

Потрагата по тригодишното дете во Сава во Загреб продолжува: уапсена мајката, сослушан е и сопругот

Потрагата по детето кое исчезна во Сава во Загреб продолжува и денеска. Во четвртокот, спасувачките служби го напуштија местото на...

Европа7 часа

Зеленски до Фицо: Пукаа во тебе зошто не прости?

„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави...

Регион8 часа

(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица

Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор,...

Свет8 часа

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа,...

Свет8 часа

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе

Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на...

Свет20 часа

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...

Македонија21 час

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка...

Македонија22 часа

За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела

За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари,...

Македонија1 ден

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ во случајот во кој партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии

Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на...

Македонија1 ден

Владата да сакаше дијалог, денес немаше да сме на улица, рече Деаноски на третиот ден од протестите за повисоки плати на административците

Трет ден по ред вработените во неколку министерства и државни институции излегоа на получасовен протест за 30 отсто поголема плата...

Македонија1 ден

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Македонија1 ден

Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“

„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како...

Свет1 ден

(Видео) По договорот за прекин на огнот во Газа, наголемо се шират зборовите на Трамп од пред еден месец: „Ќе има целосен пекол!“

И американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ја преземаат заслугата за решавање на кризата во...