Вести
Две бомби експлодирале во резиденцијата на иранскиот амбасадор во Либија

Две бомби експлодирале во неделата во либиската престолнина Триполи, на влезот во резиденцијата на иранскиот амбасадор, но нема настрадани, објавија либиските безбедносни служби, а во меѓувреме одговорноста за експлозија ја преземаа џихадистите од Исламската држава.
Припадник на службата за безбедност за локалната телевизија изјавил дека иранската резиденција во Триполи во времето на нападот била празна. „Поставени биле две направи и не експлодирале истовремено. Смислата на втората била да создаде забуна“ или жртви по доаѓањето на официјални лица на местото од претходната детонација, рекол полковникот Џима ал-Машри од националната безбедносна агенција.
И другите странски мисии во Либија, како на пример амбасадите на Алжир, Египет и Обединетите Арапски Емирати, веќе беа цели на бомбашки напади, во коишто исто така немаше жртви.
Локална бунтовничка група блиска на сунитската џихадистичка организација Исламска држава на Twitter ја презема одговорноста за експлозијата во неделата.
Повеќето западни земји и Обединетите нации минатата година во текот на борбите меѓу фракциите на поранешните бунтовници кои сакаат да ја преземат контролата над Триполи ги повлекоа персоналите од амбасадите. ОН ја признаваат либиската влада којашто е принудена да дејствува од истокот на земјата, бидејќи главниот град Триполи е заземен од страна на групата Либиска зора, која формираше паралелна влада, паралелен парламент и свои сили, која не е меѓународно признаена, но ги контролира министерствата, аеродромите и некои нафтени постројки.
Во јануари припадници на Исламската држава упаднаа во луксузниот триполиски хотел „Coronthi“ убивајќи девет луѓе, од кои петмина беа странци./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.