Вести
Египет донесе нови антитерористички закони и формира специјални судови

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во неделата го одобри антитерористичкиот закон со кој се воспоставуваат специјални судови и се дава посебна заштита на силите на редот при употреба на сила во пресметките со бунтот кој влегува во втората година чија цел е негово соборување од власта и воспоставување исламистичко општество, а новинарите ќе бидат казнети доколку го доведуваат во прашање официјалното толкување на нападите коишто ќе бидат прогласени за терористички.
Со споменатиот антитерористички закон казните се движат од пет години затвор до смртна казна, а за пропорционална употреба на сила на полицијата и на војската им се дава законска правна заштита при извршувањето на должностите.
Формирањето или водењето групи коишто власта ќе ги прогласи за терористички носи смртна или казна доживотен затвор, а припадноста на таква група до десет години затвор. Финансирањето на терористичките групи, исто така, повлекува зад себе доживотна затворска казна, а меѓу кривичните дела се и поттикнување на насилство, на пример, преку отворање на интернет страници.
Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси во јули годинава вети дека ќе биде донесен антитерористички закон, откако во атентат беше убиен главниот египетски обвинител.
Египет се соочува со растечкото насилство на полуостровот Синај, откако на власт дојде поранешниот командант на египетските вооружени сили Абдел Фатах ал-Сиси, кој во летото 2013-та го отстрани од власт првиот исламистички избран претседател на Египет, Мохамед Морси, кој потекнува од Муслиманското братство, откако овој не успеа да воведе мир во земјата по протестите од секуларната опозиција која го обвини за исламизација на земјата.
Повеќето напади врз египетските безбедносни сили на Синај ги извела групата Ансар Бејт ал-Макдес, односно којашто откако изјави лојалност на Исламската држава се преименува во „Вилает (покраина) Синај“.
Џихадистите тврдат дека возвраќаат на крвавата пресметка на египетските сили со припадниците на Муслиманското братство, чии повеќе челниците вклучително и Морси се осудени на смрт, во кои се убиени повеќе од 1.400 луѓе./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.