Вести
Египет на Израел му ги претстави палестинските услови за примирје

Египет на Израел во понеделникот навечер му ги претстави палестинските услови за постигнување прекин на огнот во енклавата Појасот Газа, што би можело да создаде услови за поведување преговори со коишто би завршило четиринеделното насилство, пренесува Reuters повикувајќи се на египетски дипломатски извор.
Претставниците на повеќе палестински фракции, од кои главниот збор го имаа Исламското движење на отпорот (Хамас) и Исламскиот џихад кои се во вооружен судир во Газа со израелската армија, го одржаа во понеделникот својот прв официјален состанок во египетската престолнина Каиро со челникот на египетските разузнавачки служби во обидот да направат заедничка листа од палестинските барања.На списокот, како што беше најавено, се прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили од палестинската енклава Појасот Газа, симнување на целосната блокада на енклавата, ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори и започнување на обновувањето на енклавата, изјавиле за Reuters членови на палестинските делегации.Египет во соопштение објави дека ги повикува Израел и палестинските групации да започнат тридневен прекин на огнот во Газа, започнувајќи од 7 часот наутро во вторник и ги повика да испратат делегации составени од високи функционери во Каиро на преговори чија цел ќе биде постигнувањето долгорочен договор за примирје. „Се надеваме дека ова ќе осигури траен прекин на огнот и обновување на стабилноста“, се вели во соопштението на египетското министерство за надворешни работи.Неименуван египетски извор рекол дека Каиро ара продолжен прекин на огнот кој би ги овозможил преговорите. „Сега го чекаме израелскиот одговор“, додал.„Доколку Израел се согласи на 72-часовно примирје, Египет ќе повика израелска делегација во Каиро на недиректни преговори со палестинската страна за сите прашања“, рекол палестински извор, а друг додал дека се разговарала и за можност од седумдневен прекин на огнот. Два египетски извори изјавија дека Египет има силни сигнали дека и Израел и Палестинците ќе го прифатат 72-часовниот прекин на огнот кој би започнал во вторник во 7 часот наутро по средноевропско време. „Египет има многу силни знаци дека сите страни ќе го прифатат 72-часовниот прекин на огнот со почеток во 7 часот“, рекол еден од соговорниците на агенцијата./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.