Контакт

Вести

Египет: Поранешниот претседател Морси осуден на смрт

Објавено пред

Египетскиот суд во саботата донесе одлука да се обрати до врховниот муфтија во земјата за одобрување на смртната казна во случаите во кои беа обвинети за шпионажа и овозможување бегство од затвор поранешниот претседател Мохамед Морси и уште 35 членови на неговото сега забрането исламистичко движење Муслиманско братство. 

dobivaj vesti na viber

Одлуката, според египетските обичаи во судските процеси, означува дека судот ги прогласил Морси и неговите приврзаници за виновни и оти за нивните дела заслужуваат смртна казна.

Според египетскиот закон, сите смртни казни треба да бидат разгледани од Големиот муфтија на Египет. Мислењето на оваа највисока верска власт во земјата се бара секогаш кога се пресудува смртна казна, по што судот го прави конечниот заклучок, но не е обврзан за спроведување на тоа мислење. Правосилноста на пресудата се очекува да биде донесен до 2-ри јуни.

Судот во Каиро требаше да донесе пресуди во две постапки, и тоа првата се однесува на Морси и 128 обвинети, меѓу кои се припадници на движењата Муслиманско братство, палестинското Хамас и либанскот Хезболаг, за овозможување масовно бегство од затвор кое следеше по превратот до 2011 година, а вториот поради шпионажа од 2005 до 2013 година во позла на Хамас, Хезболах и Иран.

Стотина други мажи и жени, меѓу кои и влијателни челници на Муслиманското братство, исто така, се осудени на смртната казна.

Морси може да вложи жалба на оваа пресуда. Веќе е осуден на 20 години затвор пред три седмици на првото судење поради насилствата во текот на својот едногодишен претседателски мандата, избегнувајќи ја смртната казна, но најавена е жалба на обвинителството. Во друга постапка Морси избегна смртна казна заедно со 16 обвинети.

Египетското обвинителство во ноември 2014 година побара смртна казна за отстранетиот претседател Мохамед Морси и останатите водачи на Муслиманското братство во судскиот процес за шпионажа.

Обвинителот Емад ел-Шарави во завршниот збор тогаш кажа дека Морси и неговите соработници проследувале документи со ознаки „државна тајна“ до странски разузнувачки служби кога бил на чело на државата. Морси рече дека одбива да ја признае јурицдикцијата на судот и побара на наредните судења да се брани сам.

На Морси веќе му се заканува смртна пресуда во процесот за поттикнувања на насилства и убиства на припадници на безбедносните сили, а неговото движење Муслиманско братство чии 1.400 приврзаници загинаа во судирите со полицијата, беше прогласено за терористичка организација и забрането.

Поранешниот египетски претседател Морси, кој на власт дојде со бунтот во ткн Арапска пролет во февруари 2011 година кога беше соборен деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак, беше обвинет дека за сума од милион американски долари на катарските разузнавачки служби и на катарската телевизија Al Jazeera им предал доверливи документи кои се однесуваат на националната безбедност на Египет.

Египетскиот суд го забрани движењето Муслиманско братство означувајќи го како терористичка организација, меѓутоа таа пресуда не го третираше политичкото крило, што остави простор партијата да се кандидира на парламентарни избори кои ќе се одржат подоцна годинава. Со споменатата судска одлука Партијата на слободата и правдата (FJP), а неговиот имот ѝ припаѓа на државата. Пресудата е конечна и на неа нема да може да се поднесе жалба.

Откако поранешниот врховен воен командант и сегашен претседател Абдел Фатах ал-Сиси на 3-ти јули 2013 го отстрани од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси, првиот избран на слободни избори челник, поради неможноста да изнајде договор со либералната и секуларна опозиција по неколкумесечните крвави протести со кои го обвинија дека ги узурпирал овластувањата на судовите за сметка на својата позиција и оти ја исламизира земјата вметнувајќи го уставот одредби од строгиот шеријатски законик.

Тоа предизвика масовни протести на приврзаниците на Муслиманското братство во кои загинаа вкупно околу 1.400 луѓе. Оттогаш, особено се засилија и активностите на исламистичките групации активни на Синај кои се обврзаа на лојалност на џихадистичката Исламска држава, во чии напади се убиени стотина припадниците на египетските безбедносни сили

Муслиманското братство е основано во 1928 година во Египет и оттогаш бројот на неговите членови постојано се зголемува, а движењето е присутно во повеќето арапски земји. Од народниот бунт во 2011 година кога од власт беше соборен египетскиот децениски претседател Хосни Мубарак, движењето победи на сите избори во земјата како најдобро организираната политичка сила во земјата. Меѓутоа, по еден бомбашки напад од пролетта 2014 од кое се огради, движењето беше означено како терористичка организација и беше забрането/крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа54 минути

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет1 час

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет3 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет3 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет3 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет4 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија12 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија16 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија19 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија21 час

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија21 час

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија22 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија22 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет23 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија24 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија1 ден

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија1 ден

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет1 ден

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...