Контакт

Вести

Египет: Потврдена смртната казна за екс претседателот Морси

Објавено пред

Египетскиот суд ја потврди во вторникот смртната казна којашто ја пресуди пред еден месец за поранешниот исламистички претседател Мохамед Морси, кој беше отстранет од функцијата во летото 2013 година, поради бегство од затвор во бунтот пролетта 2011 година и планирање напади.

dobivaj vesti na viber

Египетското обвинителство во ноември 2014 година побара смртна казна за отстранетиот претседател Мохамед Морси и останатите водачи на Муслиманското братство во судскиот процес за шпионажа.

Египетскиот суд на 16-ти мај донесе одлука да се обрати до Големиот муфтија на Каиро за одобрување на смртната казна во случаите во кои беа обвинети за шпионажа и овозможување бегство од затвор поранешниот претседател Мохамед Морси и уште 35 членови на неговото сега забрането исламистичко движење Муслиманско братство.

Малку порано во вторникот истиот суд го осуди Морси, првиот претседател на Египет избран на слободни избори, на доживотен поради шпионажа. На првото судење на 21-ви март веќе е осуден на 20 години затвор поради поттикнување на насилства против демонстрантите против неговата исламистичка влада во 2012 година. Смртната казна во третото судење е потврдена откако судот го доби необвврзувачкото мислење на Големиот муфтија.

На пресудите од првите три судења, од петте процеси покренати против него, кои се изречени во прва истанца, Морси може да вложи жалби.

Судот во Каиро, сместен во центарот на полициската академија под високи безбедносни мерки, го осуди Морси и уште 128 обвинети, меѓу кои се припадници на движењата Муслиманско братство, палестинското Хамас и либанското Хезболах, за овозможување масовно бегство од затвор кое следеше по превратот до 2011 година, а претходната пресуда од вторникот се однесува на шпионажа од 2005 до 2013 година во позла на Хамас, Хезболах и Иран.

Во судењето за шпионажа Морси доби доживотен затвор, кое во реалноста во Египет е најмногу 25 години затвор, а во врска со смртната казна од 16-ти мај покрај за него потврдени се и смртните казни за уште 16 лица, од кои двајца високи функционери на неговото исламистичко движење Муслиманско братство.

Уште други 16 лица, меѓу кои и врховниот водач на Муслиманското братство, Мухамед Бадиа и поранешниот претседател на парламентот Саад ал-Кататни, добиеја доживотни затворски казни. Други две лица се осудени на седум годни затвор. Бадиа, исто така, е осуден на смрт поради шпионажа.

Поранешниот египетски претседател Морси, кој на власт дојде со бунтот во ткн Арапска пролет во февруари 2011 година кога беше соборен деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак, меѓу другото, беше обвинет и дека за сума од милион американски долари на катарските разузнавачки служби и на катарската телевизија Al Jazeera им предал доверливи документи кои се однесуваат на националната безбедност на Египет.

Египетскиот суд го забрани движењето Муслиманско братство означувајќи го како терористичка организација, меѓутоа таа пресуда не го третираше политичкото крило, што остави простор партијата да се кандидира на парламентарни избори кои ќе се одржат подоцна годинава. Со споменатата судска одлука Партијата на слободата и правдата (FJP), а неговиот имот ѝ припаѓа на државата. Пресудата е конечна и на неа нема да може да се поднесе жалба.

Откако поранешниот врховен воен командант и сегашен претседател Абдел Фатах ал-Сиси на 3-ти јули 2013 го отстрани од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси, првиот избран на слободни избори челник, поради неможноста да изнајде договор со либералната и секуларна опозиција по неколкумесечните крвави протести со кои го обвинија дека ги узурпирал овластувањата на судовите за сметка на својата позиција и оти ја исламизира земјата вметнувајќи го уставот одредби од строгиот шеријатски законик.

Тоа предизвика масовни протести на приврзаниците на Муслиманското братство во кои загинаа вкупно околу 1.400 луѓе. Оттогаш, особено се засилија и активностите на исламистичките групации активни на Синај кои се обврзаа на лојалност на џихадистичката Исламска држава, во чии напади се убиени стотина припадниците на египетските безбедносни сили

Муслиманското братство е основано во 1928 година во Египет и оттогаш бројот на неговите членови постојано се зголемува, а движењето е присутно во повеќето арапски земји. Од народниот бунт во 2011 година кога од власт беше соборен египетскиот децениски претседател Хосни Мубарак, движењето победи на сите избори во земјата како најдобро организираната политичка сила во земјата. Меѓутоа, по еден бомбашки напад од пролетта 2014 од кое се огради, движењето беше означено како терористичка организација и беше забрането/крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет21 минута

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 час

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет1 час

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа2 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија18 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија18 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија19 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија20 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија21 час

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа22 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија22 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион23 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет23 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија23 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија23 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија24 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет1 ден

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...