Вести
Египетска радикална група се заколна на верноста на IS

Најактивната сунитска радикална група Ансар Бејт ал-Макдис се заколната на верност на џихадистичката организација Исламска држава (IS) соопштија ноќа кон вторникот нејзините претставници.
„Откако му се заколнавме на Бога, одлучивме да му се заколнеме на верност на емирот Абу Бакр ал-Багдади, муслиманскиот калиф во Сирија и Ирак, и во другите земји“, се наведува во соопштението што го цитира Reuters.Претходно претставници на групата Ансар Бејт ал-Макдис за агенцијата изјавија дека бараат инспирација и совет од Исламската држава, бидејќи САД со воздушните напади се обидуваат да ја преуредат географијата на Блискиот исток. Групата се сметаше за еден од регионалните ограноци на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, но во последно време борците на Ансар Бејт ал-Макдис ги координирале своите акции со Исламската држава, којашто пролетта 2014 година објави дека ги прекинува врските со Ал Каеда поради нејзината не-радикалност.Нападите на џихадистите врз египетските безбедносни сили, во кои се убиени стотици нивни припадници, се зголемија прво откако во февруари 2011 година во ткн Арапска пролет беше соборен деценискиот претседател Хосни Мубарак, а особено од летото 2013 година кога армијата го отстрани од власт првиот избран челник на Египет, исламистот Мохамед Морси кој беше обвинет за узурпирање на овластувањата и исламизација на уставот на земјата, а неговото Муслиманско братство беше забрането. Нападите на египетските џихадисти се најчести на Синајскиот полуостров на граничните области со Израел и палестинската енклава Појасот Газа, а пред десетина дена во таков напад беа убиени над 30 египетски војници. Властите во Каиро како одговор прогласија тримесечна воена состојба на Синај и направија тампон зона, а тврдат дека во операциите досега ликвидирале десетици припадници на џихадистичката група./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.