Вести
Египетскиот суд го забрани вооруженото крило на Хамас

Египетскиот суд в саботата го забрани дејствувањето на Бригадите на ал-Касем, вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас и го стави на листата терористички организации.
Пресудата е донесена неколку дена откако Египет се соочи со нов бран напади врз безбедносните сили, најкрвави во последните неколку месеци
Движењето Хамас инаку е огранок на панарапското исламистичко движење Муслиманско братство чии историски зачетоци се во Египет, кое по соборувањето на деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак во февруари 2011 година, преку првиот избран на директни избори претседател Мохамед Морси дојде на власт.
Меѓутоа, откако летото 2013 година Морси не успеа да најде заеднички јазик со либералната и секуларната опозиција која со месеци протестираше против него обвинувајќи го за преземање на овластувањата од судовите и за исламизирање на египетскиот устав, влијателниот армиски врв предводен од сегашниот претседател Фатах ал-Сиси, го отстрани од власта. Оттогаш египетските власт системски го потиснуваат Муслиманското братство ставајќи го на листата терористички организации.
„Судот одлучи да ги забрани Бригадите ал-Касем и да ги стави на листата терористички организации“, изјави судијата Мохамед ал-Саџид од специјалниот каирски суд во чиј домен се ваквите случаи.
Овој случај се темели на тврдењата дека Бригадите ал-Касем организирале терористички напади во знак на поддршка на Муслиманското братство, како и бомбашките напади во ко9ишто во октомври 2014 година на Синај, во близина на границата со палестинската енклава Појасот Газа, загинаа 33 припадници на египетските безбедносни сили.
„Ја отфрламе одлуката на египетскиот суд против Бригадите ел-Касем. Тоа е опасна политичка одлука која оди во прилог само на ционистичката (израелска – з.р.) окупација“, изјави портпаролот на Хамас, Сами Бау Зухри.
Египетските власти велат дека оружјето од Појасот Газа, која е под управа на Хамас, се шверцува во Египет до герилските групи кои сакаат да ги соборат актуелните власти кои ја имаат западната поддршка./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.